Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Четири докажани начини за да си го смените животот на подобро

Речиси и да нема личност која во даден момент од животот не сфатила дека се потребни поголеми или помали промени, за да може да продолжи да живее среќно.

chetiri-dokazhani-nachini-za-da-go-smenite-zhivotot-na-podobro-01.jpg

Постојат четири проверени начини со кои вашиот живот зазема сосема нова патека, од која може да произлезе нешто навистина добро за вас.

Се работи за таканареченото откровение, за промена на околината, за правењето мали и промислени чекори и на крај, дозволувањето некогаш да одите по скратениот пат.

Прочитајте како сите тие може да се применат во пракса:

Личното откровение

Постојат многу реални примери во кои личност која живеела монотон живот, добила некоја револуционерна идеја и целосно се променила. Доволно е само кога ќе ви „светне“ светилката над главата, да ги разгледате опциите и да процените дали можете да се впуштите во тоа.

Секако, не можете да се натерате себе да добиете таква идеја, но секако можете да си помогнете со медитација, релаксација и посветеност на она што го сакате.

Единствениот ризик постои само во тоа што не секој е предодреден за големи и револуционерни нешта. Затоа, наместо да ја чекате брилијантна идеја, преминете на следен чекор.

Промена на околината

Иако е лесно да се направи првиот чекор, натаму може да стане навистина комплицирано. Затоа, пред да се решите на некоја голема промена, започнете со неколку помали (не премногу наеднаш). Тие мали промени ќе ви покажат каде треба да се придвижите следно.

Во промена на околината спаѓаат и промислените постапки, како што е селењето, новата работа, новиот автомобил, но и настани кои предизвикуваат нагли промени.

Во втората категорија спаѓаат и ненадејното запросување од партнерот, неочекувана бременост, смрт на драга личност, политички околности кои ве засегнуваат...

Обидете се да го извлечете најдоброто од промените.

chetiri-dokazhani-nachini-za-da-go-smenite-zhivotot-na-podobro-03.jpg

Навиките и малите чекори

Иако теоретски, промената на навиките е тешка, ова е всушност најлесниот чекор од сите. Нема ништо тешко во тоа да сакате да го промените времето на будење и заспивање, начинот на исхрана и да изберете во кој дел од денот и неделата ќе се дружите со пријателите, а кога со семејството.

Луѓето секојдневно создаваат и по неколку нови навики, а секогаш е добро време за ослободување од старите, особено ако не носат ништо добро и продуктивно.

Скратени чекори

Промените кои ги воведувате кај себе може да ги излудат луѓето околу вас. Затоа, треба да си помогнете и себе и нив тоа да го преживеете на најбезболен можен начин.

На родителите подарете им нешто значајно, партнерот изнесете го на вечера или заминете на одмор, а вие секогаш можете да се задлабочите во некоја книга или во игрите на мобилниот телефон. На овој начин се поштедувате и себе и нив од наглиот премин од една промена во друга.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg