Еден потег што треба да го направите кога сте загрижени и испаничени
Уште од мали учиме дека треба да му веруваме на внатрешното претчувство и да си ги цениме емоциите. Но, никогаш не учиме како најлесно да се ослободиме од грижите и паниката, кога нема некоја причина за нив.
А таа појава постои и е навистина деструктивна по секој можен критериум.
Ако се препознавте во овој опис, време е за игра: Сетете се на сè што ви се случило и за кое навистина сте се грижеле.
На сè што со денови и недели не ви дозволуваше да заспиете, а дури и кога ќе заспиевте, тоа не беше вистински сон.
Премногу такви моменти, нели? Се грижевте дали родителите ви се добри. Дали ќе успеете да завршите факултет? Дали умеете да ја зачувате љубовта? Способни ли сте да ги задржите пријателите?
Можеби имавте и поголеми стравови и фобии, кои успеавте да ги надминете. Мислете само на тоа дека овие грижи ви биле реални.
Сетете се и дека секогаш кога ви се превртувал стомакот поради непозната причина, за кратко потоа да сфатите дека и не е толку страшно.
Дали сега ви е јасно дека кога се случува нешто навистина лошо, претчувството и интуицијата како да се исклучени? Од друга страна пак, ве мачат кога навистина нема причина за тоа. Но, вашиот мозок перципира опасност, а телото се подготвува за нов стрес.
Сепак, голем дел од грижите кои ве мачат се во вашата глава. Веројатно некои настани ги преувеличувате или ги преживувате преемотивно.
Дали сте помислиле дека грижите се несакан ефект од вашата бујна фантазија? Дали досега сте помислиле да ги поврзете вашите грижи со неверојатната креативност?
Од овде следи и решението. Секогаш кога ќе ве нападнат грижите и паниката, почнете да правите нешто креативно. Тоа ќе ви делува терапевтски и смирувачки. Можеби токму креативната работа ви е потребна за да го ослободите својот ум и да ги избалансирате телото и духот.
Најчесто, загриженоста не е предупредување дека нешто не е во ред, туку дека му треба „пасење“ на вашиот мозок, за да може да се ослободи од сите мисли што го мачат. Останете приземјени, бидејќи само кога стоите цврсто, стравовите ништо не ви можат.
Никогаш не би помислиле дека сè е резултат на вашата креативност, нели?
Е. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





