16 работи кои луѓето ги прават во кафулињата, а ги вадат од такт келнерите

Ако не сакате да бидете гостин од хорор филм, мора да внимавате на манирите. Заборавете на фразите од типот  „Дај ми еден сок/пиво“.“ Келнерот треба да гата какво?

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-01.jpg

Сите сакаме да бидеме допадливи и да ја направиме вистинската работа во секоја пригода.

Ако сакате да не им ги загорчувате животите на другите, треба да се држите до одредени правила на однесување кога сте во кафуле.

Келнерите и шанкерите откриваат кои се најиритантните работи кои ги прават луѓето:

- Мавтање со пари со цел да се биде услужен.

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-02.jpg

- Коментирање на нивниот изглед.

- Нудење совети околу пијалаците и храната.

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-03.jpg

- Специфични нарачки од типот со една коцка мраз, половина парче лимон и три зрна шеќер.

- Недефинирани порачки – „Дај ми еден сок/пиво“. Да гатаат какво?

- Очекување на бесплатни пијачки само затоа што ви е роденден на пример.

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-05.png

- Преиспитување на мерките – „Дали си сигурен/а дека тоа е дупло виски?“

- Порачување едно по едно, прво вие пиво, па ви го носи, па пријателката коктел итн.

- Порачување цело друштво како група, но плаќање еден по еден.

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-04.jpg

- Правење драми затоа што некој по грешка послужиле пред вас.

- Жалби за цените.

- Тропање со прстите по масата за да добиете внимание.

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-07.jpg

- Нарачување една минута пред времето за затворање.

- Дрско потсетување на келнерот дека треба да ја исчисти масата.

16-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-vo-kafulinjata-a-gi-vadat-od-takt-kelnerite-06.jpg

- Порачка од типот „Дај ми го истото“ – има милион луѓе, келнерот не се сеќава што сте пиеле.

- Давање генерални забелешки за локалот или за келнерот од типот „Сабајле беше тука, сега пак, работиш две смени?“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg