Брокули, фармерки, балони: Работи кои некогаш биле забранети во Белата куќа
Претседателите на САД кога ќе зачекорат во Белата куќа добиваат огромна моќ.
Но, кога станува збор за имотот и тоа што е дозволено, а што не во Белата куќа, досега се покажале како многу прибирливи.
На пример, Џорџ Х.В. Буш забранил да се внесува брокула и никој не смеел да ја јаде, бидејќи едноставно не му се допаѓала.
Секој претседател имал различни барања, па токму затоа некои работи биле забранети во Белата куќа - некои забрани се укинати, а други продолжиле да важат.
Погледнете што било забрането низ годините:
Брокула
Џорџ Х.Б. Буш не дозволувал да се служи брокула во Белата куќа бидејќи не ја сакал уште кога бил мал и мајка му го терала да ја јаде.
Балони
Кога Белата куќа во 2017-та објавила дека ќе биде отворена за посетители, имало неколку ограничувања. Помеѓу другите работи, биле забранети огномети, ножеви, како и балони, иако не се знае точната причина.
Верверички
Во 1955-та пак Двајт Д. Ајзенхауер поставил тревник, кој за брзо бил нападнат од верверички, па изјавил: „Следниот пат кога ќе ги видите во близина на мојата вештачка трева, стрелајте ги!“
Фармерки
Кога Џорџ В. Буш станал претседател, една од неговите наредби била да се врати дрес кодот во Белата куќа како во времето на неговиот татко.
Тој забранил фармерки во Овалната канцеларија и сите морале да бидат бизнис формално облечени.
Камери
Додека Мишел Обама не го прогласи крајот на оваа забрана во 2015-та, камерите не биле дозволени во турите низ Белата куќа повеќе од 40 години.
Лични телефони
Вработените во западното крило на Белата куќа не смеат да користат лични мобилни телефони на работа од јануари 2018-та, туку само телефоните кои се издадени од владата на кои нема можност за пишување.
Божиќни елки
Теород Рузвелт бил конзервативец и традицијата со божиќната елка ја гледал како уништување на природата, па одбивал да има дрво во Белата куќа.
Пушење цигари
Во 1993-та, Бил и Хилари Клинтон го забраниле пушењето на вечерите во Белата куќа така што не оставале пепелници на масите.
Неколку години подоцна, претседателот наредил пушењето да биде забрането во сите федерални згради на владата.
М. М. | Црнобело