Што вели постелата за вас?
Дали ви е важно креветот да ви биде секогаш среден, а боите на перницата и чаршафот да се совпаѓаат? Или најдобро се чувствувате кога ќе си...
...легнете во креветот онака како што сте го оставиле наутро?
Дознајте што вели вашата постелнина:
1. Минимализам. Ако во спалната соба се водите според изреката „помалку е повеќе“, веројатно сте личност со отворен дух и широк поглед на светот. Постелнината ја одразува вашата смирена личност и едноставен став. Вие не сакате да комплицирате. Директни сте и не се срамите отворено да покажете што ви е на ум.
2. Удобност. Ако ви е се подредено според вашата физичка и емоционална удобност, вие сте чувствителна и лојална личност. Во животот ви се најважни пријателствата и блиските односи со луѓето, а материјалните работи ви се во втор план.
3. Женственост. Женствениот кревет сугерира дека брзате за мажачка, а ако имате шарена постелнина вие сте отворена личност која најдобро се чувствува кога е во центарот на вниманието.
4. Се и сешто! Несредениот кревет, креветот кој на себе има разни стилови, сугерира дека сте неорганизирани, но и дека не патите по детали. Спонтани сте и не ви пречи ако бојата на перницата не е иста со прекривката. Вие уживате во креветот и важно ви е само да се наспиете.