Благодарност, љубопитност и други особини на луѓето со натпросечна емоционална интелигенција

Емоционално интелигентните луѓе се свесни за тоа како нивните емоции влијаат врз однесувањето и особено врз меѓусебните односи со другите луѓе.

blagodarnost-ljubopitnost-i-drugi-osobini-na-lugjeto-so-natprosechna-emocionalna-inteligencija-01.jpg

Она што може недвосмислено да се потврди е дека оние со висока емоционална интелигенција се снаоѓаат доста полесно во животот отколку другите.

Дали и вие имате висока емоционална интелигенција? Следниве седум карактеристики го имаат одговорот:

Благодарни сте за она што го имате

Ако сте повеќе фокусирани на она што го имате, наместо на она што го сакате, тоа докажува дека сте способни да си задавате реални цели и да ги остварувате.

Свесни сте дека никој не е совршен

Имате маани, но се сакате токму онакви какви што сте, наместо да пробувате да се смените. Вие добро знаете дека не постои совршена личност, но и дека секогаш можете да бидете подобри од тоа што сте.

blagodarnost-ljubopitnost-i-drugi-osobini-na-lugjeto-so-natprosechna-emocionalna-inteligencija-03.jpg

Љубопитни сте

Секогаш сте отворени за нови знаења и сакате да научите што повеќе. Ја вложувате енергијата во учење и спознавање, наместо да се ограничувате само на она што веќе ви е познато.

Имате напредна самосвесност

Ја знаете својата сила, а свесни сте и за сопствените слабости. Токму ова ви помага да знаете до каде можете да одите и тоа да го преточите во животен успех.

blagodarnost-ljubopitnost-i-drugi-osobini-na-lugjeto-so-natprosechna-emocionalna-inteligencija-02.jpg

Емпатични сте

Да имате висока емоционална интелигенција, значи и дека секогаш можете да сочувствувате и кај вас нема да изостане желбата да им помагате на другите.

Прилагодливи сте на промени

Кога нешто се менува, на тоа гледате како нова шанса, а не како жртвување. Промените се неизбежни, единствено вие можете да ги дочекате со отворени раце или со одбивност - одлуката е ваша.

Се грижите и за физичкото и за менталното здравје

Да бидете свесни дека и физичкото и менталното здравје се „кршливи“ е знак дека сте емоционално интелигентни. Вие знаете дека само кога сте целосно здрави, можете да бидете продуктивни и среќни.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg