5 типови луѓе на кои не треба да им верувате
Довербата е нешто бесценето, но многу често се случува да им ја даваме на погрешни луѓе. Прашањето е, на кого треба, а на кого да не му се верува?
Никогаш не можете да бидете сигурни дали им верувате на вистинските луѓе и затоа треба да бидете внимателни, особено со оние кои не ги познавате доволно и не ги знаете нивните скриени намери.
Но, за среќа, постојат знаци кои можете да ги препознаете и да се потрудите да не паднете во замка.
1. Шармантни луѓе кои го злоупотребуваат шармот
Некои луѓе се свесни за својот шарм и го злоупотребуваат за да влечат од вас информации кои им се потребни или да ве придобијат поради некоја скриена цел.
Ќе ги препознаете по тоа што сакаат да знаат сè за вас, но за себе не откриваат ниту дали ставаат шеќер и млеко во кафето.
2. Луѓе кои не знаат за емпатија
Тие се истренирани никогаш да не помислуваат како се чувствува другата страна, бидејќи на тој начин ризикуваат кај нив да се појави некаква емоција или сочувствителност.
Овие личности затоа остануваат кратко во некој однос, бидејќи не знаат да се справат со блискоста.
3. Луѓе кои откриваат туѓи тајни
Ако ваш близок ви открие нечија тајна, тогаш очекувајте дека ќе ги кажува и вашите најинтимни нешта пред други.
Тие не ја знаат важноста на тајните кога се во прашање други луѓе, но своите никогаш не ги кажуваат гласно.
4. Претерано нарцисоидни луѓе
Тие мислат дека се центар на светот, а ќе ги убедат и другите дека тоа е вистина. Не се чудете ако успеат да ве натераат да ги гледате како приоритет дури и пред самите себе.
Но, кога нештата ќе згустат, тие никогаш не би признале дека направиле грешка. Ќе манипулираат, па дури и ќе се обидат да ја префрлат вината врз некој друг. Не се чудете и ако почнат да ве убедуваат дека вие сте ги натерале на такво однесување, па дури и да се прикажуваат себе како жртви.
5. Луѓе кои се нестабилни и неодлучни
На нив не можете да се потпрете бидејќи се премногу неодлучни и не можете да бидете сигурни дали ќе ве поддржат во вашите намери или не.
Денес ќе се согласат со вас, но веќе утре може да ве изненадат со своето однесување. Тие не се способни да исполнат ништо од она што ветиле.
Е. Д. | Црнобело