Креативни новитети за домот
Во домот секогаш сакаме да имаме нешто ново и оригинално. Се потрудивме за вас да најдеме неколку оригинални ситници. Како може да се спои креативноста...
...и практичноста покажале дизајнерите на овие куќни гаџети?
1. Шолја со сензор за температура. Ставивте жежок чај или кафе, и веќе ви е познато како испробувањето може да ви го изгори јазикот. Сега тоа за вас го прави шолјата. На неа има сензор кој покажува кога течноста е оладена таман за консумација.
2. Лажица со вага. Освен што би била идеална за наркоманите , оваа 2 во 1 лажица прецизно мери колку зачин додавате во вашите специјалитети. Не само што е практична, туку и вашите гости сигурно ќе ги излижат чиниите од прецизно зготвените јадења.
3. Кина – вагина чинии! А, кога веќе гостите ги лижат чиниите, нека ги излижат овие. Со сласт!
4. (Не) расположени отворачи. Колку се практични овие отворачи – не знаеме. Но, изгледаат штосно, мора да признаете.