Иселениците откриваат: 15 најдобри земји за живот + нивните недостатоци
Замислете убава клима, успешна кариера, одлично здравство и образование и активности на отворено... Звучи како живот од соништата, зарем не? Кои земји го нудат ова?
Преселбата во нова земја е тешка. Треба да барате нови пријатели, нова работна средина и да се навикнете на сосема нов начин на живот.
Затоа најголемата мрежа за иселеници на светот „InterNations“ направи листа од најдобри земји во светот за пронаоѓање на добра работа, нови пријатели и за создавање на семејство.
Истражувањето е направено преку разговор со 18.000 иселеници кои живеат во 68 земји во светот.
Листата ќе ве изненади:
15. Луксембург – мир, политичка стабилност, добра економија, но скапо за живот.
14. Виетнам – заработуваат доволно за да ги покријат животните трошоци и задоволни се од балансот работа/приватен живот, но лош е транспортот.
13. Панама – добра финансиска ситуација и задоволство од начинот на живот.
12. Австралија – добар баланс работа/приватен живот, но скапо.
11. Нов Зеланд – одлична за работа и семеен живот, но скапо.
10. Чешка – одлична едукација и нега за децата, но тешко се стекнуваат пријатели од локалците поради бариерата со јазикот.
9. Колумбија – доволно финансии за покривање на животните трошоци и многу пријателски настроени локалци.
8. Шпанија – задоволство од климата, здравството, но загриженост за стабилноста на економијата и работните места.