Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали мрзеливоста може да ви помогне да живеете подолго?

Колку и да се чини неверојатно, постојат и здравствени бенефити од тоа да бидете мрзливи.

dali-mrzelivosta-mozhe-da-vi-pomogne-da-zhiveete-podolgo-01.jpeg

Секако, ова не значи дека треба веднаш да се откажете од вежбањето и другите физички активности и да се посветите само на гледање телевизија и излежување. Но, исто така не треба ни да се чувствувате виновни ако испуштите еден или два тренинга, бидејќи и одморањето е здраво како и вежбањето.

Без грижа на совест

Без разлика на која возраст сте, нормално е да ја немате најдено физичката активност која ви се допаѓа и ве исполнува. Наместо да правите нешта што не ги сакате и непотребно да се измачувате, многу поздраво е да не го правите тоа и да се релаксирате.

Ова е теорија и на истражувачки тим од Универзитетот во Канзас, кои истражувале фосилни остатоци од праживотни. Според нивните сознанија, организмите кои требало да вложуваат повеќе енергија за да преживеат умирале побрзо, додека оние кои живеат на пониско ниво на енергија, живееле подолго.

dali-mrzelivosta-mozhe-da-vi-pomogne-da-zhiveete-podolgo-02.jpg

Истото важи и за луѓето - доколку вложуваат многу енергија во нешто што не ги исполнува, тогаш во таа активност нема никакво задоволство.

На пример, доколку ве исполнува јогата и медитацијата, тогаш сигурно не би можеле да најдете задоволство во фитнес или трчање.

За да биде успешно сето ова, треба да најдете здрав баланс помеѓу мрзата и физичката активност. Слушајте ги потребите на телото и немојте да се присилувате себе да правите нешто што не ви се допаѓа или премногу ве уморува.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатн...
11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...
16 пати кога Универзумот ни покажа дека неговата моќ за креирање нема граници Овошје во чуден облик, инсект во неверојатна боја или предмет кој не можете да г...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg