Прашања кои може да ви откријат многу за нечија „темна“ страна
Луѓе сме и сосема е нормално да си имаме и темни страни и мрачни делови од нашиот карактер.
Некогаш овие темни страни се прилично екстремни, но тие се неизоставен дел од сечиј карактер и од она што нè прави луѓе.
Доколку не сте сигурни околу некоја личност, можете да почнете со поставување прашања, но без да претерувате со тоа.
Секогаш е важно однапред да знаете како некој реагира кога е лут, бесен, љубоморен, па дури и кога мрази.
Така, поставете некое од следниве прашања и во зависност од одговорот, дознајте со каква личност си имате работа:
1. Која е најмалата ситница за која се имаш налутено?
Тука можете да вметнете и потпрашања како „Како се чувствуваше тогаш?“ и „Како реагираше на тоа?“
Секој си има своја емоционална интелигенција, но добро е да внимавате со какви луѓе се зближувате.
2. Која беше причината за тоа пријателство да прекине?
Следете го одговорот на ова прашање. Проценете колку оваа личност е лута и бесна на другата, дали постои омраза или пак, сосема рамнодушно одговара на вашите прашања.
3. За што најмногу се карате со семејството?
Најголем број проблеми потекнуваат токму од дома, па одговорот на ова прашање ќе ви даде релативно реална слика за тоа со кого си имате работа.
4. Што е најлошото нешто што го имаш направено?
Доколку личноста е искрена со вас, подгответе се да откриете навистина темна страна од нејзиниот карактер. Внимавајте, некогаш овој одговор може да е многу повеќе од „украдов гума за бришење во училиште“.
5. Што научи од својата најлоша постапка?
Може да се случи личноста навистина да извлекла поука, но бидете спремни дека можеби се соочувате и со некој незрел, кој за сè ги обвинува другите.
6. Дали сакаш да се одмаздиш?
Благодарение на одговорот на прашањево, ќе можете да заклучите колку долго ги држи лутината и што се спремни да направат кога се повредени.
7. За што најмногу жалиш од претходната врска?
Во врска со ова прашање мора да бидете внимателни и да го следите одговорот, особено ако сте романтично заинтересирани за личноста. Така ќе знаете дали се соочувате со некој нарцис или со личност која учи од грешките.
Е. Д. | Црнобело