7 типови на „пријатели“ од кои треба веднаш да се дистанцирате
Од време навреме, добро е да направите една мини анализа на сопствениот живот и на луѓето со кои сте опкружени.
Погледнете добро околу себе – кои се луѓето со кои сте опкружени? Пријатели, семејство, колеги, соседи?
Дали тие ве прават посреќни и внесуваат оптимизам во вашиот живот или пак ви ја црпат целосно енергијата и си одите од средбата изморени наместо позитивни?
Колку и да звучи лошо, не секогаш луѓето ви остануваат вистински пријатели засекогаш и не сите ви се потребни засекогаш.
Затоа, кога ќе забележите дека веќе подолг период некој не ви влијае како што треба, значи дека е време да се оддалечите.
Доколку не знаете да процените, во продолжение погледнете неколку типови на пријатели од кои треба да се дистанцирате:
1. Оние кои ви кажуваат што да правите и ви се мешаат во секој животен избор
2. Оние кои се постојано песимистични и ви го пренесуваат тоа на вас, па почнувате да ја гледате само темната страна.
3. Оние кои постојано ве лажат и постојано влегуваат од лага во лага, па веќе не знаете на што да им верувате.
4. Оние кои ве осудуваат за секоја ваша одлука и ви поставуваат некои непостоечки стандарди и не може да ве прифатат какви што сте.
5. Оние кои не ве почитуваат, можеби го прават тоа индиректно, но сепак го чувствувате и ве боли кога не ве слушаат за ништо, не им значи вашето мислење и ве озборуваат зад грб.
6. Оние кои се дружат со вас само за да ве искористат за она што сте им потребни, иако можеби изгледаат како да ве сакаат вистински и да ви се најблиски, а во првиот момент кога вам ќе ви затребаат ги нема.
7. Оние кои ве критикуваат и прават да се чувствувате лошо, тоа се оние „пријатели“ кои не се среќни за вашите успеси и ги омаловажуваат вашите достигнувања, а наместо да ви се радуваат, тие сакаат да го свртат вниманието кон себе и нивните достигнувања.
М. М. | Црнобело