Младите прво работат, па избираат факултет: 5 причини зошто Шведска е закон земја за живот
Двајцата родители добиваат породилно отсуство, а просечниот животен век е 82 години, звучи добро, зарем не?
Шведска е една од најразвиените земји во Европа и има некои свои уникатни традиции.
Интересни факти за животот во Шведска:
Двајцата родители добиваат породилно отсуство
По раѓањето или посвојувањето на дете родителите добиваат вкупно 480 денови отсуство од работа, од кои најмалку 60 задолжително мора да искористи таткото.
Швеѓаните обожаваат да плаќаат даноци
Швеѓаните плаќањето на даноци го гледаат како складирање на богатство за државата, па така колку поголем данок платиле, толку се погорди.
Просечниот животен век во Шведска е 82 години
Во оваа држава животниот век на луѓето е еден од најдолгите во Европа. За мажите е 79 години, а за жените 83.5.
Смирениот и умерен начин на живот, без силни емоционални бури прави Швеѓаните да живеат долго.
Децата го добиваат презимето на мајката по раѓањето
Ова важи од 1986 година. Многу Швеѓани на децата им даваат 3 имиња и 2 презимиња, но презимето од таткото останува како опционално средно име.
Просечната возраст кога младите луѓе во Шведска се запишуваат на факултет е 25 години
За разлика од другите држави младите луѓе во Шведска не се запишуваат на факултет веднаш по средното училиште.
Обично прво работат, живеат одвоено од родителите, патуваат и околу 25-годишна возраст кога веќе знаат што сакаат во животот одбираат факултет, па студираат до 30, па и повеќе години.
С. С. | Црнобело