Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што им е најтешко на младите луѓе да им објаснат на своите родители?

Генерацискиот јаз секогаш ќе постои меѓу младите и возрасните луѓе, без разлика колку едните се трудат да објаснат, а вторите се трудат да разберат.

shto-im-e-najteshko-na-mladite-lugje-da-im-objasnat-na-svoite-roditeli-01.jpg

Иако голем дел од животните лекции ги научивте со помош на своите родители, понекогаш е тешко и бара многу напор и трпение за да им објасниме како функционира денешниот свет.

Постои долга листа на нешта што младите луѓе се обидуваат да ги објаснат на своите родители, но колку и да се трудат, не наидуваат на разбирање. Понекогаш, дури и доаѓа до конфликти, бидејќи родителот смета дека тие не се трудат доволно да ги појаснат нештата, а младите губат нерви бидејќи не се разбрани.

Понекогаш, сите тие нови поими, особено од светот на технологијата се неразбирливи, а секој обид да се објаснат може да биде дури и смешен.

shto-im-e-najteshko-na-mladite-lugje-da-im-objasnat-na-svoite-roditeli-03.jpg

Еве кои се најчестите збунувачки ситуации:

Објаснувањето дека „news feed“ на Фејсбук е јавен

Нема ништо чудно во тоа вашите мајка и татко да имаат профил на Фејсбук, но проблемот настанува кога мислат дека нивните пријатели им се обраќаат директно нив преку објавите на тајмлајн.

Во овој случај мора да им се објасни принципот на работа на „инбокс“ и на „ѕид“.

Зошто ја фотографирате храната

Зошто ја сликаше чинијата? Кој ќе го види тоа? Што е тоа Инстаграм? Многу прашања, кои ако размислите, навистина е тешко логично да ги одговорите.

shto-im-e-najteshko-na-mladite-lugje-da-im-objasnat-na-svoite-roditeli-04.jpg

И „фриленсот“ е работа

Повозрасните генерации се навикнати на тоа дека реалната работа е од 7 до 15 часот или од 8 до 16 часот и навистина не им е разбирливо како некој може да работи и заработува од дома, а да не оди во канцеларија.

Најлошото од сè е дека дури и откако ќе објасните (и нацртате), повторно не ве разбираат.

Акронимите кои ги користите

Ако имаат социјални мрежи, лесно ќе дојдат до LOL, NSFW, OMG, WTF и ќе ве прашаат што значи тоа. Уште „пострашно“ е ако не знаат англиски, па освен што ќе треба да објасните дека е кратенка, ќе треба и да навлезете во контекстот и причините, нешто за што ни самите не сте размислиле.

Што значат „емоџи“

Еднаш, само еднаш ви се случи да „згрешите“ и да испратите „смајли“ во пораката со вашата мајка, за потоа да добиете низа прашања што тоа значело. Сепак, кога објаснивте, го сфатија лесно, но сега имате нов проблем - ги користат и кај што треба и кај што не треба и најчесто во сосема погрешен контекст.

shto-im-e-najteshko-na-mladite-lugje-da-im-objasnat-na-svoite-roditeli-05.jpg

Како ги дознавате најновите информации

Постојат најразлични агрегатори на вести, но се споделуваат и на социјалните мрежи. Некогаш ги дознавате важните настани пред своите родители и ако им одговорите дека сте прочитале на Твитер, следува долго објаснување што е тоа и за што се користи.

Како некој „го сруши интернетот“

Навистина незгодно. Но, не им забележувајте што не го разбираат модерниот жаргон и што не им е јасно како Ким Кардашијан или некоја друга старлета успеале да го срушат цел интернет.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg