Како рачната работа ве прави среќни?

Постојат многу луѓе кои се среќни ако прават нешто со рацете, на пример диплење, миење садови, вајарство, работа со фимо-маса, плетење... Дали сте меѓу нив?

kako-rachnata-rabota-go-pravi-nashiot-mozok-srekjen-01.jpg

Можеби веќе сте чуле дека некои луѓе благодарение на „окупирањето“ на рацете успеваат да се справат со многу стресни ситуации. Други пак, успеваат да излезат на крај од многу тешки проблеми, вклучително и здравствени, само со зголемена физичка активност.

Според невролозите, постои нераскинлива врска меѓу здравјето на мозокот и физичката активност, на тој начин што влијае слично како и лекови кои се земаат за одредена состојба.

Токму поради тоа, многу луѓе веќе сфатиле дека доколку си ги ангажираат рацете создавајќи нешто, тогаш му помагаат и на мозокот да се смири и да размислува посталожено.

kako-rachnata-rabota-go-pravi-nashiot-mozok-srekjen-02.jpg

Уште подобро е што по сето ова, всушност останува и нешто физички видливо како резултат од работата - било да е тоа ново парче накит, капа или шал или пак беспрекорно средена градина.

Значи, во овие ситуации има и реална, опиплива сатисфакција, односно создавање на нови нешта.

Доколку сте забележале дека кога сте нервозни, вознемирени или под стрес, си барате занимација која ќе ви го одвлече вниманието, сега знаете дека тоа се случува благодарение на вашиот мозок.

Тој бара начин како да си го задржи здравјето, без да има потреба хемиски да се стимулира со лекови или средства за смирување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg