10 трикови кои ќе ви го направат полесен животот и одморот во лето

Иако летото е веќе при крај, сепак веројатно ова се најтоплите денови кои ги имавме досега, а тоа со себе си носи и други проблеми.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-01.jpg

Независно дали сте дома или на одмор, сигурно има некои ситуации со кои сакате полесно да се справите, но немате идеја како.

Сепак, сигурно досега сте веќе и свесни дека речиси за секој проблем некој измислил паметно решение, кое нема да ве чини ништо.

Во продолжение, погледнете неколки мали тајни како да избегнете несакани грижи за време на летото:

Ослободете се од здодевните комарци со домашни препарати

Земете малечки декоративни теглични, пола лимон, малку рузмарин, свеќа што лебди и едно есенцијално масло по избор (лаванда, цимет, чајно дрво, ментол и сл.).

Ставете ги лимонот и рузмаринот во тегла, додадете малку вода и 10-20 капки од маслото. Ставете ја свеќата на врвот, запалете ја и уживајте без присуство на инсекти.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-02.jpg

Ослободете се од чешањето

Доколку пак ве касне некој комарец пред да се решите од нив, земете паста за заби и нанесете на местото.

Тоа ќе го ублажи чешањето и иритацијата на кожата.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-03.jpg

„Спасете“ ги и пијалаците од инсекти

За да не ви влегуваат инсекти во пијалакот додека уживате во природа, ставете корпа за колачи врз чашата свртена обратно, а во средина направете дупче за цевка.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-04.jpg

Поправете ја скинатата гума за во вода

Малите дупчиња на гумите може лесно да се поправат. Потребна ви е само хартија или материјал отпорен на топлина и пегла.

Најдете ја дупката, ставете посебна хартија или материјал и поминете со пегла врз дупката, но бидете многу внимателни да не ви се залепи на гумата.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-05.jpg

Заштитете ги стапалата од плускавци

Ова е посебно корисен трик за оние кои сакаат долго да пешачат и да планинарат или кампуваат.

За да ги заштитите стапалата од плускавци, залепете дебел селотејп на најнежните делови, облечете удобни и меки чорапи, како и чевли и уживајте без болки.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg