За да не губите половина час во сликање: Трикови за успешни фотки
Избегнувајте HDR ефект
HDR ефектот во еден период беше популарен на Инстаграм и на други апликации за едитирање слики. Но, модата на овој ефект помина и сега повеќе се обрнува внимание на поприродни фотографии.
Чекајте го вистинскиот момент за слика
Ако сакате да имате совршена фотка, ќе мора да имате и малку повеќе трпение. За да уловите соодветен момент треба да почекате за да не ги уловите и случајните минувачи.
Барајте идеална перспектива за селфи
Се верува дека секој има своја совршена страна на лицето и агол од кој излегува најдобро на фотографиите, па потрудете се да го најдете.
Не се сликајте цело време исто и експериментирајте од различни перспективи додека не го најдете идеалниот агол и поза.
Не се срамете од неудобни пози за да добиете совршена фотка
Зависниците од добра фотографија не треба да се срамат да се наведнат, да легнат или да се поткачат на нешто за да го доловат она што сакаат.
Секоја рамка и позадина имаат своја идеална перспектива
Ако на едно место изгледате совршено сликани од горе, тоа не значи дека на друго место со различна поза сликата ќе изгледа исто толку добро од истиот агол.
Кога стоите, најдобро е да бидете сликани од подолу за да додадете висина, а кога седите, ако сликате од долу сликата изгледа понереално, а стапалото доаѓа во прв план.
Кога сте седнати, подобро е да бидете сликани од горе, за да добиете соодветни пропорции, а да биде уловена и околината.
М. М. | Црнобело