За да не губите половина час во сликање: Трикови за успешни фотки
Ако сте оние кои сакаат да позираат и да се сликаат со убавините околу себе, ќе ви бидат потребни неколку трикови за совршени фотки.
Колку пати ви се случило да направите 10-15 фотки со истата поза од истото место и ниту една да не биде доволно добра за да се пофалите?
Важно е да знаете како да се наместите и што треба да има во кадар, а што да избегнете за сликата да излезе како направена од професионалец.
Следниве трикови ќе ви бидат водич за да не мора да се сликате по стопати:
Обрнете внимание на позадината
Лошата позадина може да ја уништи и вашата најдобра поза, па затоа е важно да гледате и што има зад вас кога се сликате.
Соодветна позадина може да биде убава природа без вишок работи кои штрчат, интересен ѕид или други материјали и текстури.
Не секогаш мора да барате огромна позадина, доволно е мал простор кој изгледа интересно во позадина и сликата од блиску ќе изгледа совршено.
Внимавајте со крупниот кадар
Со сликањето од блиску се изместува геометријата како и целосниот изглед, што не е во ваша предност. Оддалечете се малку и сликата ќе изгледа многу подобро.
Експериментирајте со аголот на наклон
Кога сакате да се сликате со нешто интересно во позадина, може да застанете веднаш до атракцијата и да се сликате, а може и да направите селфи од малку наклонет агол за да не биде монотона сликата, така што ќе се гледа сè што сакате.
Убавината околу вас
Покрај селфијата и архитектурата, има многу интересни објекти за сликање околу нас. Понекогаш случајните фотки може да се претворат во ремек-дело. Не се обидувајте да вклопите сè вои една слика, гледајте на светот со љубопитност и ќе видите колку поинтересни кадри ќе уловите.
Научете да уловите добра светлина
Доброто осветлување е исто така многу важно за сликата. Разликата помеѓу овие две фотографии е буквално 1 ипол чекор, а резултатот е очигледен.
Во втората слика има помека светлина, а неубавата позадина е добро прикриена во темнината.
Кога се сликате, вртете ја камерата малку додека да ја најдете идеалната светлина и не заборавајте светлината треба да паѓа на вас, а не на позадината.
Но, не претерувајте со светлината на вас
Премногу силната светлина која паѓа на лицето може да биде проблематична дури и за најискусните бидејќи најчесто резултатот е слика со замижани очи.
Затоа не се сликајте во период од денот кога сонцето е најсилно, туку барајте поприродна светлина наутро и на зајдисонце.
Продолжува на следната страна...