10 кул работи од Германија, за кои другите земји може само да сонуваат
Бесплатни игралишта од соништата
Во секој град во Германија има прекрасни игралишта за децата да се забавуваат. Тие се големи, направени според строги безбедносни стандарди и прилагодени за сите временски услови.
Велосипедисти од мали нозе
Уште во 4-то одделение практичното и теоретско учење на управување со велосипед се изведува под надзор од полицијата. Часовите се во склоп на основното образование. Потоа децата имаат полагање и право да управуваат со велосипед на велосипедски патеки.
Ова не е задолжително, но повеќето Германци се одлучуваат за вакви часови.
Во Германија постојат многу казни за неправилно управување со велосипед. На пример за возење без раце ќе добиете казна од 5 евра, а за зборување на телефон казна од 55 евра.
Кражба по порачка
Од неодамна има нов вид на бизнис во Германија. Ако сопственикот на некоја продавница, забележи дека одреден тип на производи му исчезнуваат и не разбира како и зошто, може да ангажира специјална фирма за „кражба по порачка“.
Фирмата тајно испраќа истрениран професионалец, кој краде од тој производ и потоа му објаснува на сопственикот кои му се пропустите во безбедноста и како да се заштити.
Градинка за сопрузи
Во поголемиот дел од германските продавници има соби наменети за децата, но во Хамбург измислено е и нешто поинтересно - градинка за сопрузи. Жените може да ги остават таму нивните партнери за мирно да одат на шопинг.
На нивните сопрузи ќе им биде понуден ручек и две шишиња пиво. Покрај специјално тренираните дадилки за грижа за нив, тие ќе добијат на располагање и книги, видео игри, весници, телевизија и во шест часот попладне жените треба да дојдат да си ги земат сопрузите, кои потоа ќе им помогнат со ќесите од шопинг.
Одличниот германски хумор
Виршли наменети за фудбалски фанови.
Енергетски пијалак со вкус на колбаси и сос од кари.
С. С.| Црнобело