10 кул работи од Германија, за кои другите земји може само да сонуваат
Многу Македонци одат во Германија во потрага по подобра заработувачка, но кои други погодности ќе им ги овозможи животот таму? На пример, градинка за сопрузи.
Германија е земја во која се пијат 8 милијарди литри пиво секоја година и жените може да ги остават своите сопрузи во градинка.
Звучи одлично, зарем не?
Кул работи од Германија, за кои другите земји само може да сонуваат:
Играње пинг понг на семафори
Германците многу ја ценат безбедноста, па кога се вклучува црвено тие може да играат пинг понг на направата поставена кај семафорот.
На тој начин пешаците се во помало искушение да претрчаат на црвено и играта може да ја играат сè додека не се запали зелено.
Неверојатно љубезни полицајци
Германските полицајци се многу ценети во својата земја. Според една неодамнешна анкета Германците им веруваат многу повеќе на полицајците, отколку на своите доктори или работодавачи.
Пивски рај
Германците годишно пијат повеќе од 8 милијарди литри пиво. Имаат повеќе од 5.500 видови пиво и го пијат речиси секаде, без да имаат проблем со законот.
Го имаат и Октоберфест, еден од најпознатите фестивали за пиво во светот. Секоја година повеќе од 7 милиони вљубеници во пивото го посетуваат и во рок од две седмици се пијат 6 милиони литри пиво, се јадат повеќе од 140.000 колбаси и се крадат илјадници кригли за пиво, што според локалните закони е прекршочно дело.
Расположените гости за време на фестивалот губат околу 1.000 лични карти, 400 клучеви и 300 пара очила за сонце.
Точност
Германците не сакаат да доцнат и се ужасно загрижени кога некој ги чека.
Еден Германец на социјалните мрежи сподели фотографија од писмо за извинување и колачиња, кои ги добил од одговорните на германската железница, како компензација за тоа што поради задржување со возот задоцнил 4 часа.
Паркинг за дами
Во Германија има обиди животот да се направи полесен на сите можни начини.
На пример во трговските центри има места за паркинг специјално за жени, кои се поблиску до влезот за во продавниците. Ова е поради безбедносни причини, но и со цел по шопингот жените да не мора далеку да носат тешки ќеси.