Особини кои ги имаат само зрелите личности

Колку пати во текот на животот сте се запрашале дали другите ве гледаат како зрела, стабилна личност? И уште поважно – дали вистински сте созреани за среќен живот?

osobini-koi-gi-imaat-samo-zrelite-licnosti-001.jpg

Поседувањето на овие 6 особини се потврден одговор на вашето прашање:

1. Способност да сакате некој друг, освен самите себе

Нарцисоидните личности кои се сакаат само себеси и никој друг, не се во состојба да имаат среќен живот, бидејќи немаат иднина.

 Јасно е дека таквата личност не е способна да се откаже од ништо и да направи жртва во име на нешто поголемо и поважно. Така, многу е тешко да оствари партнерства или пријателства.

2. Способност за контролирање на сопствените нагони и импулси

Управувањето со сопствените агресивни или сексуални енергии кои биолошки ни се доделени е важен животен момент.

3. Способност за поднесување непријатност, болка и патење

Кон апсолутното задоволство не можете да тежнеете, бидејќи не е реално за достигнување. Избегнувањето на секаква болка, физичка или душевна, е карактеристика на незрелите лица.

4. Здрава свест и толеранција

Зрелата свест и толеранцијата се клучни во многу животни моменти и токму тие ќе ви помогнат да живеете без страв, чувство на вина или желба за негативна постапка.

5. Умерена агресивност без бес и омраза, но не и индиферентност

Потиснатата агресивност која преминува во незинтересираност е повеќе од опасна. Кога-тогаш ќе мора да се испразни, а тоа обично е во најлошиот можен момент. Затоа балансот е клучен за среќа.

6. Способност да се биде независен

Ваква способност поседува само личноста која веќе успешно се развила. Независноста е круна на слободата, па зрелите луѓе тежнеат кон неа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg