Што правеле најуспешните луѓе на денешницата кога имале 16 години?

Ким Кардашијан

На својата 16 годишна возраст кралицата на ријалити шоу и една од најпознатите светски ѕвезди воопшто не размислувала за живот во кругот на славните.

Таа била ученик во средното училиште Marymount и нејзините соученици од тоа време ја опишуваат како тивка, мирна и повлечена личност.

9_uspeshni_lugje_vo_nivnite_tinejdzerski_godini_06.jpg

Лери Пејџ

Еден од основачите на најпознатиот онлајн пребарувач Google, на 16 години бил ученик во средно училиште во Мичиген.

Поради неговите родители кои биле компјутерски инженери, тој од мала возраст знае дека еден ден ќе основа сопствена компанија.

9_uspeshni_lugje_vo_nivnite_tinejdzerski_godini_07.jpg

Бил Гејтс

Еден од најпознатите и најбогатите луѓе во светот кој долго време беше број еден на оваа листа, пораснал во богата фамилија во Сиетл. Уште на млада возраст се запознава со светот на компјутерите и тоа придонесува на само 16 години да лансира компанија наречена Traf-O-Data.

9_uspeshni_lugje_vo_nivnite_tinejdzerski_godini_08.jpg

Џ. К. Роулинг

Познатата авторка на една од најпопуларните светски книги, Хари Потер, на својата 16 годишна возраст била одличен ученик во средното училиште Wyedean во Англија.

Но во тој период таа се справувала со семејна трагедија, нејзината мајка боледувала од мултиплекс склероза и подоцна опишува дека овој период ѝ бил еден од најтешките во нејзиниот живот.

9_uspeshni_lugje_vo_nivnite_tinejdzerski_godini_09.jpg

Стив Џобс

Во своите тинејџерски години, Стив Џобс бил ученик во средно училиште со просечен успех.

Тој никогаш не добивал одлични оценки, но секогаш бил фокусиран на својата работа и на голем број на експерименти кои ги правел заедно со неговиот колега и партнер со кој подоцна ја основа компанијата Apple, Стив Вознијак.

9_uspeshni_lugje_vo_nivnite_tinejdzerski_godini_10.jpg

К. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg