Што правеле најуспешните луѓе на денешницата кога имале 16 години?
Велат дека талентот се развива уште во раните години од животот. За тоа се доказ и овие 9 успешни луѓе кои својата работа ја сфатиле навистина сериозно уште во тинејџерските години.
Погледнете што правеле најуспешните луѓе на денешницата кога имале 16 години:
Бијонсе
Една од најпопуларните поп ѕвезди на денешницата уште од мала сонува да стане светски позната. Во 1997-ма година, кога Бијонсе имала само 16 години, песна од Destiny's Child, групата која ја основала со пријателките, е прикажана во популарниот филм Men in Black.
Џеф Безос
Најбогатиот човек на светот и основачот на Амазон, Џеф Безос, на 16 години работел како готвач во McDonald's. Тој денес се потсетува на тие денови како клучни за воспоставување на работни навики на рана возраст.
Леброн Џејмс
Во 2000-та година познатиот кошаркар бил ученик во средното училиште St. Vincent-St. Mary во Охајо. Поради неговите впечатливи резултати, уште од 16 години тој добива награди кои за првпат се доделуваат на дете на негова возраст.
Покрај неговиот успех како кошаркар, Леброн Џејмс бил и одличен фудбалер.
Доналд Трамп
Сегашниот претседател на САД, кога имал 16 години бил ученик во воената академија во Њујорк. Уште од млада возраст неговата желба да биде забележан и успешен владее со неговиот живот.
Неговите учители и колеги од тој период го опишуваат како многу самоуверена личност.