Трикови кои треба да ги научите ако имате потешкотии со комуникацијата

Понекогаш е многу тешко да се подготвите за некој разговор кој ви претставува предизвик.

trikovi-koi-treba-da-gi-nauchite-ako-imate-poteshkotii-so-komunikacijata-01.jpeg

Кога ве очекуваат тешки разговори, често се случува да ја одложувате средбата со соговорникот, заради страв, трема или немање самодоверба.

Но, независно дали треба да разговарате со колега, бизнис партнер, или со некој близок, постои начин да се подготвите за ситуацијата.

Неколку трикови од психолозите како да се смирите пред сериозни разговори:

Зајакнете ја самодовербата

Пред разговорот, размислете за вашите предности и недостатоци. Секој прави грешки, па добро е во разговорот да си ги кажете и да не се плашите. Знаејќи ги вашите недостатоци и предности, ќе се чувствувате посамоуверено и ќе водите полесно тежок разговор.

Правете контакт со очи

Психолозите советуваат секогаш да остварувате контакт со очи со соговорникот, а тоа значи очите да ви бидат на иста висина. Ако соговорникот седи, седнете и вие, така ќе се чувствувате попријатно.

Зборувајте тивко и смирено

Тивкото и смирено зборување предизвикува ефект да звучите поинтелигентно и оваа техника не дозволува да се вознемирите и збуните. Слушајте го внимателно соговорникот и полека и јасно одговарајте.

trikovi-koi-treba-da-gi-nauchite-ako-imate-poteshkotii-so-komunikacijata-02.gif

Држете се до главната тема на разговорот

Ако почнете да ја менувате темата, може да се изгуби суштината и да предизвикате лутина или дополнителни конфликти со соговорникот.

Држете се до темата за која ви е договорена средбата за разговор и јасно искажете ги вашите мислења.

Идентификувајте ги тешкотиите

Ако ги најдете причините за проблемот многу полесно ќе го решите. Секој има одредени бариери кои се плаши да ги премине. Тоа може да се навреди, непријатно минато искуство и слично.

Обидете се да ги идентификувате за време на разговорот и заобиколете ги, фокусирајќи се само на позитивните работи кои може да ги извлечете од соговорникот.

Завршете го разговорот позитивно

Секој разговор си следи свое сценарио и тоа не секогаш е позитивно. Но, ако ситуацијата дозволува, обидете се да го завршите разговорот со некој убав збор кажан кон соговорникот и тоа ќе го подобри односот во иднина.

trikovi-koi-treba-da-gi-nauchite-ako-imate-poteshkotii-so-komunikacijata-04.gif

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
5 психолошки трикови што треба да ги знаете (и ќе ви го олеснат животот) Дали знаевте дека кога се ракувате, личноста што ја држи раката одгоре секогаш с...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg