10 фото докази дека бабите и дедовците заслужуваат многу почит и љубов
Бабите и дедовците никогаш не нè разочаруваат, независно дали се работи за нивната љубов, грижата и посветеноста на нас, или едноставно на секојдневните мали ситници кои нè радуваат.
Еден од друг сосема се разликуваат – некои се останати во времето, а други се обидуваат да бидат во чекор со него.
Во секој случај, сите се посебни на свој начин и заслужуваат почит, поддршка и љубов.
Во продолжение, неколку фотки кои ќе ве потсетат колку се тие посебни:
„Ова се мојот 71-годишен дедо и неговата мачка Стела. Тој ја нарекува оваа поза парализа бидејќи не може да се помести од мачката.“
„Вака баба ми го чува брашното.“
„Дедо ми туку што ја вдоми првата мачка на свои 90 години. Ја нарече Мачка и многу е среќен.“
„Ова е мојата прабаба. Таа го преживеала Холокаустот и полни 100 години викендов.“
„Баба ми си го скрши зглобот и по заздравувањето, докторот ја советувал да плете за побрзо закрепнување. Па таа реши да ги направи сите овие и да им ги подари на децата во болницата.“
„Новите очила за читање на баба ми.“
„Дедо ми побара да му ја објавам фотката бидејќи светот требало да знае колку убаво му израснало дрвото.“
„Мојата баба има деменција. Денес таа му кажала на дедо – Сакам да го поминам цел ден со моето момче. Тој ја прашал – А, кој е тоа? – Ти, рекла баба ми. Па тој и дал комбинезон и ја однел да работи со него на фармата за да бидат заедно.“
„Сестра ми некако успеала да го натера дедо ми да го однесе на рингишпил. Очигледно, ужива...“
„Прабаба ми има 100 години. Таа живее во нејзиниот дом, чита без очила и го снабдува цело семејство со чорапи.“
М. М. | Црнобело