6 лоши навики кои можe да предизвикаат ниска самодоверба
Проблемот со ниска самодоверба е чест и изразен особено кај жените. Постојат милион прочини поради кои не се чувствуваме самоуверено и некогаш најмалите работи може да предизвикаат да се чувствуваме лошо.
Овие 6 навики се особено честа причина за намалувањето на самодовербата, но секогаш постои решение кое ќе го спречи нивното лошо влијание:
Останувате во ситуации и врски кои не ве исполнуваат
Сите сме се нашле во ситуација да се чувствуваме лошо поради врска која не функционира. Без разлика дали се работи за романтичен партнер, пријател или семејна врска, постојат личности кои наместо да ни помогнат, прават да се чувствуваме лошо и ја нарушуваат нашата добросостојба.
Најдоброто решение е секогаш да се дистанцираме од овие личности, но доколку не сте во состојба да ги прекинете сите врски кои ве прават да се чувствувате лошо, секогаш постои добра комуникација. Доколку ги изразите своите чувства, можеби ќе наидете на заедничко решение.
Не се залагате за себеси
Дали сте дозволиле други луѓе да ви кажат како треба да живеете, што треба да направите и како да се чувствувате? Се разбира дека сите одвреме-навреме ги слушаме овие зборови од некој близок, па дури и од тотални странци. И додека не можеме да ги спречиме овие негативни влијанија, може да реагираме соодветно.
Секогаш кога ќе почувствувате дека некој ве обвинува, потценува или напаѓа застанете во офанзива и не дозволувајте тоа да се случи повторно.
Се споредувате со другите
Споредувањето може да биде особено лоша навика. Секогаш можеме да најдеме некој кој е поуспешен во поглед на кариера или приватен живот. Исто така, многу честа споредба е споредбата на надворешниот изглед.
Без разлика во која област се споредувате со другите, најчесто таа постапка предизвикува лошо расположение и намалување на самодовербата.
Наместо да се споредувате, следниот пат пристапете кон пофункционална реакција и започнете да ги набројувате сите нешта кои ви се допаѓаат кај вас.
Се жртвувате за доброто на другите
Многу често поради доброто на нашите најблиски знаеме да се ставиме себеси на второ место. И додека оваа навика не е воопшто лоша особина, заборавањето на себеси и на нашите потреби, дефинитивно е.
Затоа потребно е секогаш да се има некоја златна средина. И запомнете дека ставањето себеси на прво место не е лоша работа. Одвреме-навреме тоа е корисно не само за нас, туку и за нашите најблиски.
Чекате нештата да се случат самите од себе
Доколку очекувате сите околу вас да сфатат колку сте уникатни и колку многу заслужувате, тогаш најверојатно ќе чекате многу долго време, ако не и цел живот. Наместо да очекувате другите да ги направат вистинските чекори, започнете сами да работите на остварување на своите цели.
Не само што многу побрзо ќе ги остварите вашите соништа, туку и ќе се чувствувате многу подобро.
Премногу сте критички настроени кон себе
Самокритичноста не е воопшто лоша особина додека не претерувате со критицизам. Доколку после секоја грешка ментално се уништувате себеси, вие само правите огромен чекор наназад.
Секоја грешка е лекција и наместо да се фокусирате на критизицам, фокусирајте се на позитивниот аспект и потрудете се повеќе следниот пат.
К. Д. | Црнобело