20 грешки во животот за кои заслужувате да си простите
Сите правиме грешки во животот – некогаш помали ситници, некогаш поголеми, кои сериозно може да ни влијаат.
Но, понекогаш вреди и да си простиме за нив, бидејќи не секогаш може сè да биде совршено.
Не треба да се обвинувате за секоја грешка и да тонете уште повеќе поради неа – наместо тоа, простете си и станете подобра личност.
Променете ги работите и помирете се дека во некои моменти е во ред да побарате помош од некого, или да ја немате уште совршената работа, или пак, да потрошите време на погрешна личност.
Секое искуство во животот е важно, доколку успеете да извлечете лекција од тоа и да продолжите понатаму попаметно.
Затоа, простете си...
1. Ако сè уште не сте ја нашле работата од соништата... или ако не знаете која е таа.
2. Ако не сте таму каде што сте замислувале дека ќе бидете до овој момент.
3. Ако сте го смениле мислењето и ставот за тоа што сакате да правите со вашиот живот (и почнете одново).
4. Ако се потпирате на родителите за помош и поддршка.
5. Ако сè уште не сте им простиле на некои луѓе кои многу ве повредиле.
6. Ако некои луѓе сè уште не ви простиле за грешка која сте ја направиле.
7. Ако сè уште не можете целосно да се откажете од претходната врска и да продолжите понатаму – времето лечи сè.
8. Ако не сте ја сакале и не сте ѝ возвратиле со иста мера на личноста која ве сакала.
9. Ако сте изгубиле време инвестирајќи во врска која не успеала – ќе ви биде добро искуство и животна лекција, ништо не е залудно.
10. Ако вашиот поранешен партнер си го средил животот побрзо и подобро од вас – сè во свое време.
11. Ако вашите пријатели подобро си го средиле животот од вас.
12. Ако луѓето постојано ве одбиваат – продолжите да се трудите, ќе успеете.
13. Ако се чувствувате малку изгубено во животот – секој поминува низ такви моменти.
14. Ако некаде длабоко во себе посакувате да се вратите во минатото, кога било подобро.
15. Ако се чувствувате како само вие да правите грешки – сите околу вас грешат, не сте виновни за сè.
16. Ако не ви се допаѓа личноста која ја гледате во огледалото – продолжете да се трудите и ќе ја пронајдете вашата среќа.
17. Ако барате одобрување на места каде не треба да го правите тоа – продолжете да го правите тоа на што вие сте горди.
18. Ако сте ризикувале и не сте успеале – станете и обидете се повторно.
19. Ако сте дозволиле да се „распаднете“ и уште не сте се собрале – дајте си време, на секој му е потребно време за себе за да се среди.
20. Ако сте донеле одлука за која сега се каете – не сте ни први ни последни.
М. М. | Црнобело