77% од луѓето се под стрес поради пари - како ни влијаат финансиите?
Сметки за струја, вода, телефон, интернет и што уште не, па трошоци за храна, средства за во домаќинството, облека... Каде ни е крајот?
Каква е поврзаноста помеѓу стресот и парите? Веруваме од лично искуство знаете - огромна!
Истражување направено на 1.000 луѓе во Велика Британија откри дека дури 77% од луѓето се под стрес поради пари, од кои 17% откриле дека се под огромен стрес поради своите финансии.
14% од испитаниците велат дека се грижат поради пари секој ден, 12% кажале дека се нервираат на темата само два или три пати во седмицата, а дури 69% одговориле дека се загрижени какви ќе им бидат финансиите во иднина.
80% од луѓето велат дека би биле посреќни ако заработуваат повеќе пари, а 1 во 5 луѓе открил дека се плаши да го провери своето банковно салдо.
20% од луѓето сметаат дека се лоши во менаџирањето со својот буџет, а 37% не се чувствуваат комфорно за да зборуваат за својата „битка“ со парите.
Дали и вие сте под стрес поради вашата финансиска состојба?
С. С. | Црнобело