Погрешна големина, занемарување на материјали: Најчести грешки кои ги правиме кога купуваме облека

Од лоша проценка на материјалите до неправилна проценка на тоа кој број му прилега на нашето тело...

najchesti-greshki-koi-gi-pravime-koga-kupuvame-obleka-01.jpg

Колку пати досега сте си купиле парче облека кое потоа сте сфатиле дека не ви прилега добро? Ова особено се случува кога порачувате по интернет или пак не го пробувате парчето во бутикот.

Кои се најчестите грешки што ги правиме при шопингот?

Купувате погрешен број

Треба добро да си ги знаете мерките на струкот, градите, колковите пред да одите на шопинг. Навистина не е пријатно кога жена или маж што носат број L ќе ги видиме стиснати во S.

Исто така, внимавајте дали гледате европски, американски, кинески или интернационални стандарди.

najchesti-greshki-koi-gi-pravime-koga-kupuvame-obleka-02.jpg

Не обрнувате внимание на препораките од производителот

Без разлика што си ги знаете мерките, сепак треба да внимавате и на бројките, како ширина/должина, што ги има наведено самиот производител на етикетата.

najchesti-greshki-koi-gi-pravime-koga-kupuvame-obleka-03.jpg

Кога бирате број не го земате предвид материјалот

Некои материјали по перењето, како памук и волна, се собираат, додека други, како синтетика, се шират.

Затоа добро прочитајте го составот на облеката пред да го одберете бројот.

najchesti-greshki-koi-gi-pravime-koga-kupuvame-obleka-04.jpg

Заборавате од кои парчиња облека треба да купите поголем број

Памучните маички, волнените џемпери, памучната долна облека и пижами се дел од работите кои треба да ги купите по еден број поголеми затоа што се стеснуваат по перењето, а и добро е да се чувствувате комфорно во нив.

najchesti-greshki-koi-gi-pravime-koga-kupuvame-obleka-05.jpg

Заборавате од кои парчиња облека треба да купите помал број

Фармерките и работите од полиестер се опуштаат по перењето, па треба да ги купите малку помали.

najchesti-greshki-koi-gi-pravime-koga-kupuvame-obleka-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg