Бонтон правила кои откриваат дека сте културна личност

Правилата за добро однесување не треба никогаш да исчезнат и добро е постојано да се пренесуваат од генерација на генерација.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-01.jpg

Без разлика во колку модерно време живееме, секој почитува културно и правилно однесување во секоја ситуација.

Па, затоа, сè почесто споделуваме по неколку корисни бонтон правила кои ако редовно ги применувате, ќе ви помогнат да се покажете како културна и воспитана личност.

Погледнете некои можеби невообичаени правила, но важни за да оставите добар впечаток:

Однесување со гости во домот

- Гостите сами треба да прашаат дали треба да се соблечат или не, но доколку не сакате да ви газат со чевли, треба да ги предупредите однапред.

- Доколку се работи за домашна забава, не е во ред да барате да ги соблечат чевлите, бидејќи сите се облечени поелегантно или дотерано, а во случај да ги соблечат, на сите понудете им папучи.

- Извинувањето на гостите за малиот неред во сопствениот дом се смета за непочит на домаќинот кон самиот себе. Со тоа што сте го пуштиле гостинот во домот, значи дека му верувате, а тој го почитува тоа и го прифаќа домот каков што е.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-02.jpg

Однесување во автомобил

- Ако сте позајмиле автомобил од пријател, културно е да го вратите со гориво, а не да го испразните.

- Најбезбедно место во автомобилот се смета дека е седиштето веднаш зад возачот, но најудобно е она зад совозачот. Затоа, најдобро е тоа место да им го отстапите на повозрасните или пак на жените, а најмладите најчесто седат во средина.

- Некултурна, но и опасна ситуација е да седите на телефон или да спиете додека седите до возачот. Треба да водите смирен и не премногу емоционален разговор, без многу гестикулации и нервоза, како и да процените во која ситуација на патот може да разговарате со возачот, а кога треба ад го оставите да се сконцентрира и да го пратите патот.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-03.jpg

Правилна комуникација

- Ако сте откажале состанок од било која причина, тогаш иницијативата за нов состанок треба да биде ваша, што ќе му покаже на партнерот колку ви е тоа важно.

- Ако се сретнете со некој познаник, а вие веќе сте со друштво, добро би било да го претставите на пријателите. Ако поминете и малку време во разговор, луѓето околу вас ќе се чувствуваат попријатно, наместо ако сите молчите.

- Многумина се прашуваат на која возраст е во ред да престанат да персираат. Уште од тинејџерските години е во ред да разговарате на исто ниво со оние кои се на иста или приближна возраст. Но, без разлика на возраста никогаш не треба да им се обраќате со „ти“ на лица кои ве служат во било каков објект или институција.

- Што се однесува до ракувањето, никогаш не се ракувајте со ракавици, правилно е да станете за да се поздравите со некој, не треба да се ракувате ако пушите цигара со таа рака и не е во ред да ја фрлите, па да се поздравите, туку доволно е да се извините. Не се ракувајте ниту во тоалет.

- Ако го заборавите името на соговорникот, не се обидувајте да смислите изговори. Едноставно признајте и извинете се, па замолете ако може да го повторат своето име. За полесно да ги запомните, во иднина, при запознавање, веднаш повторете го името.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-04.jpg

Правилна комуникација на далечина

- Ако не можете да добиете некој од првиот обид, не мора да ѕвоните неколкупати потоа. Се верува дека за ситуации кои не се итни, помеѓу две ѕвонења треба да поминат барем 2 часа. Дајте ѝ време на личноста да види пропуштен повик и да ве побара.

- Не одговарајте веднаш на повици, туку после втор или трет сигнал, за да може оној кој се јавува да си ги собере мислите и правилно да го почне разговорот.

- Доколку личноста на која ѝ ѕвоните не одговори по 5-иот сигнал, подобро спуштете, наместо да ѕвоните до крај.

- Во ерата на пораки и социјални мрежи за допишување, телефонските повици многумина ги игнорираат. Па, доколку не е нешто итно, подобро директно пишете – така јасно ќе го формулирате прашањето, а ќе добиете и директен одговор без заобиколување. Секако, ова важи за секојдневието, а не за официјални разговори.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-05.jpg

Личен простор

- Кога некој ќе стави слушалки, значи дека не е подготвен или расположен за разговор во моментот, па немојте да сте упорни.

- Доколку вие ставите слушалки, бидете културни и немојте да го пуштате звукот на најсилно и покажете почит кон околината.

- Кога одите во јавен тоалет, обидете се да не влегувате во кабината веднаш до онаа што е зафатена. Секако, доколку постои опција.

- Ако детето има сопствена соба во домот, правилно е пред да влезете да тропнете, независно што сте родител или член на семејството.

- На работното место исто така постојат правила за почитување на личен простор, па не седнувајте до вработените ако не ви понудат самите, не гледајте во нечиј екран, ниту пак во нечие биро, дури и ако е само обично ливче.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-06.jpg

Правилно однесување на прослави и настани

- Во ред е да подарите цвеќе на маж, но само во посебни прилики, како роденден, прослава на професионални достигнувања и слично, но обрнете внимание на машките типови цвеќиња.

- Кога одите на некој настан за кој имате карти, правилно е мажот да ги покаже картите, како и да ја отвори вратата за дамата.

- Кога одите на настан каде има шведска маса и самопослужување, пред да си земете по втор или трет пат, прво осигурајте се дека има барем дупло количина на храна од бројот на гости.

bonton-pravila-koi-otkrivaat-deka-ste-kulturna-lichnost-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg