Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповеди: „Која е најчудната работа која несвесно ја правам секој ден?“

Од постојано мрдање со ногата до неправилно држење на виљушката, дали и вие имате некоја чудна навика?

ispovedi-koja-e-najchudnata-rabota-koja-nesvesno-ja-pravam-sekoj-den-01.jpg

Секој ден правиме тон работи кои не сме ни свесни дека ги правиме. Сигурно овие мали, чудни навики кај другите ги забележуваме, но нашите ни доаѓаат сами од себе и не ги ни перципираме.

Дали кај себе сте забележале некое вакво однесување?

Некои луѓе откриваат кои се нивните најчудни секојдневни навики:

„Постојано жалење, на работа ми посочија дека цело време нешто ми пречи. Откако намалив со жалбите и поплаките се чувствувам многу подобро.“

„Некој еднаш ми кажа дека одам чудно, дека некако неправилно ги движам рацете притоа и оттогаш не можам да одам нормално затоа што се сеќавам дека ми кажаа дека одам чудно.“

„Секој пат кога земам чиста чаша од шкафот ја мирисам пред да ја користам. Не го забележував тоа, сè додека мајка ми не ми кажа за оваа бизарна навика. Како мириса чиста чаша? Навистина не знам.“

„Постојано ја допирам косата, секогаш и секаде. Не бев свесна сè додека момчето и пријателите не ми посочија на тоа.“

„Цело време тресам со ногата. Не буквално тресење, ама мрдање. Не можам да престанам.“

ispovedi-koja-e-najchudnata-rabota-koja-nesvesno-ja-pravam-sekoj-den-02.jpg

„Гласно изразувам задоволство по првата голтка утринско кафе секој ден со едно долго „Мммм“. Моето дете ми посочи на тоа.“

„Сечам со истата рака со која ја држам виљушката, па постојано ја префрлам виљушката од една во друга рака за да јадам и сечам наизменично.“

„Гласен сум кога сум возбуден и тоа го сфаќам дури кога моите пријатели ќе ме прашаат - зошто викаш?“

„Трчам низ домот... Ќе се сетам дека ми треба нешто од другата соба и, иако не ми е толку итно, не знам зошто трчам натаму.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg