Трикови кои ќе му помогнат на мозокот да работи поефикасно

Во мозокот има многу скриен потенцијал кој не го користиме целосно.

trikovi-koi-kje-mu-pomognat-na-mozokot-da-raboti-poefikasno-01.jpg

Сепак, постојат начини на кои може да го поттикнеме да работи поефикасно за да може да бидеме попродуктивни во текот на денот.

Па, ако често ви паѓа концентрација, значи дека е потребно малку да го тренирате мозокот и да овозможите да работи во целост.

Погледнете неколку начини кои ќе ви помогнат во тоа и почнете да ги практиквуате почесто:

Тропајте на масата

За да донесете правилна и балансирана одлука, можете да тропкате со прстите по масата или на друга површина.

Ова ќе спречи да донесете избрзана одлука и ќе ви ја зголеми концентрацијата во моментот.

trikovi-koi-kje-mu-pomognat-na-mozokot-da-raboti-poefikasno-02.jpg

Тренирајте ја меморијата

На мозокот му е потребен тренинг, па фокусирајте се на подобрување на меморијата.

Направете листа на производи за купување, прочитајте ја неколку пати и одете без неа во продавница обидувајќи се да запомните сè.

Додека чекате ред или ставате производи во корпа, обидете се да пресметате колку ќе бидете сумата на сметката.

Ако сте блиску, можете да се наградите!

Правилно хранете го мозокот

Освен за стомакот и дигестивниот систем, постојат и намирници со кои треба да го потхранувате мозокот.

Па така, додадете на менито 100 грама риба за енергија, 5 јаткасти плодови на ден за добра работа на мозокот, семки од тиква за подобрување на размислувањето, спанаќ за брзи реакции и шолја чај за добра меморија.

Учете ги другите

Според Ајнштајн треба она што го мислите, да знаете да го објасните секому на едноставен начин за да го разбере, во спротивно, ни самите не знаете што зборувате.

Така ќе го споделите искуството, плус ќе си помогнете полесно да запомните нешто.

Одморете

Без разлика колку сте зафатени, секогаш треба да правите одмор на 2 часа работа. Така мозокот полесно ќе ги процесира информациите и полесно ќе може да се сконцентрирате после паузата.

trikovi-koi-kje-mu-pomognat-na-mozokot-da-raboti-poefikasno-03.jpg

Играјте салса

Танцувањето важи за вид на терапија која влијае позитивно на телото и мозокот.

Ритмичките движења ја подобруваат церебралната циркулација и ја активира работата на невроните.

Тие помагаат за побрзи реакции, подобра концентрација и меморија.

trikovi-koi-kje-mu-pomognat-na-mozokot-da-raboti-poefikasno-04.jpg

Играјте видео игри

Бројни истражувања докажале дека видео игрите може да активираат скриен потенцијал во човечкиот мозок и да помогне при подобра навигација во реалниот свет.

Везете

Не очекуваме да знаете, но обидете се да научите во слобдоното време, тоа не само што ќе ви помогне да ги смирите нервите, туку ќе ви помогне полесно да се фокусирате и ќе го активира интелектот.

trikovi-koi-kje-mu-pomognat-na-mozokot-da-raboti-poefikasno-05.jpg

Носете жолто

Жолтата боја ја стимулира активноста на мозокот и позитивно влијае на нервниот систем.

Па, ако ви се потребни креативни  и нестандардни решенија, жолтата облека е идеален избор.

trikovi-koi-kje-mu-pomognat-na-mozokot-da-raboti-poefikasno-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg