Секојдневни работи кои ги правиме погрешно без воопшто да сме свесни

Погрешно ставање течност во чаша

Без разлика дали е сок или млеко, кога истурате во чаша од тетрапак, треба пакувањето да го свртите обратно за да не прска и да не истурите.

sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravime-pogreshno-bez-voopshto-da-sme-svesni-07.gif

Неправилно лепење фластер на прст

Сигурно и вие само го ставате фластерот на прст и го лепите како што е, без ништо да направите.

Но, правилно е да го исечете на пола и страните да се вкрстуваат при лепењето за да не ви падне, како што често се случува доколку го залепите на стандарден начин.

sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravime-pogreshno-bez-voopshto-da-sme-svesni-08.jpg

Сушење на садови

Речиси сите кога ќе ги измијат садовите ги превртуваат наопаку и оставаат да се исушат, но така многу често може да примат непријатен мирис.

Подобро е по миењето веднаш да ги избришете со сува крпа и да ги кренете на место.

sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravime-pogreshno-bez-voopshto-da-sme-svesni-09.jpg

Носење кеси од пазарување

За да спречите повреда кога сте на пазарување и носите тешки кеси, распоредете го товарот во повеќе кеси наместо во една или две.

Добра идеја е и да најдете рачки за закачување на кесите за да не ги оштетувате дланките при држење.

sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravime-pogreshno-bez-voopshto-da-sme-svesni-10.jpg

Дишење

Многу луѓе дишат од гради, но всушност, подобро е дишењето од дијафрагма, бидејќи така ги релаксирате рамената и вратот и го намалувате притисокот на градите и стомакот.

sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravime-pogreshno-bez-voopshto-da-sme-svesni-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg