Секојдневни работи кои ги правиме погрешно без воопшто да сме свесни
Веројатно понекогаш ви доаѓа преку глава кога ќе видите дека повторно нешто правите погрешно и секојдневно го повторувате.
Но сепак, подобро е да научите нешто ново и да го повторите она што го знаете, но го игнорирате, за ваше добро.
Затоа, во продолжение погледнете колку од следниве работи ги правите и дознајте зошто се погрешни.
Доколку сте свесни за повеќето од нив, а не сте преземале ништо, обидете се што побрзо да ја промените навиката:
Ставате премногу паста на четката за миење заби
Сосема е непотребно да ставите паста по цела должина, како што прават на рекламите.
Поентата не е да ја наполните устата со толку многу пена и побрзо да ја потрошите пастата – тоа е само маркетиншки трик.
Топла купка
Веројатно сите посакуваат после тежок и напорен ден, да ја наполнат кадата со топла вода и да заборават на сè.
Сепак, добро е да знаете дека во топла вода не треба да седите подолго од 20 минути, бидејќи тоа му пречи на срцето, а кожата побрзо старее доколку често го правите тоа.
Кафе рано наутро
Ако мислите дека нема ништо подобро од расонување со утринско кафе, се лажете.
Ако го пиете кафето веднаш по будењето, ефектот на кофеинот ќе се намали за неколкупати, а со тек на време телото ќе бара уште кофеин за да може да се разбуди.
Научниците препорачуваат да го пиете кафето 3 часа после будењето, кога нивото на кортизол ќе се намали.
Миење раце
Ова е основна активност која ја повторуваме повеќепати во денот, но многумина ја прават на погрешен начин.
Мора внимателно да го покриете секој дел од дланката со пена, вклучувајќи го и делот меѓу прстите, а процесот треба да трае минимум 20-30 секунди.
Сушење раце со електрични апарати
Воздухот кој доаѓа од апаратите за сушење раце доаѓа од истиот кој е во просторијата, а научниците докажале дека по сушење на рацете со нив, може да имате повеќе бактерии од претходно. Затоа е побезбедно да се бришете со хартија.