12 работи кои е подобро да ги правите пред спиење, наместо наутро
Туширање
Топол туш наутро не е најдобар избор, затоа што топлината всушност ве заспива. Најдобро е да имате топол туш навечер за да заспиете побрзо. Уште подобро е да си ја наполните кадата.
Оваа навика ќе ви ги смири нервите, ќе ви ги отвори затнатите пори и комплетно ќе ве релаксира.
Читање на нешто што сакате да го запомните
Читањето е најдобар начин за релаксација и за ослободување од стресот, поефикасно е дури и од чај и музика. Потребни ви се само 6 минути минати со книга за намалување на анксиозноста.
Вашиот мозок помни многу повеќе навечер, па ова е совршеното време за да ја прочитате презентацијата за на работа.
Јадење киви
Повеќето луѓе јадат овошје наутро, но некои видови на овошје е најдобро да ги јадете навечер, на пример кивите. Консумирајте по две киви еден час пред да си легнете во тек на еден месец и ќе забележите како ќе почнете да заспивате побрзо.
Но, од друга страна лимон не смеете да консумирате навечер затоа што тој дава енергија. Исклучок од ова е само ако го комбинирате лимонот со топла вода и мед.
Пиење сок од цреша
Едно истражување покажа дека пиење на 2 чаши сок од цреша ќе ви помогне да спиете околу 90 минути повеќе навечер.
Чешлање на косата
Чешлањето на косата пред спиење ги отстранува мртвите клетки и маснотијата од кожата. Препорачлива е дури и мала масажа за подобра циркулација и снабдување со кислород на корените. Наутро нема да мора да трошите толку време на средување на фризурата.
Стилистите препорачуваат чешлање на косата 2-3 пати дневно. Премногу чешлање може да ви ја направи косата масна и кршлива.
Анализирање на денот
Сетете се на сите добри работи што ви се случиле, размислете што би сакале да промените и запишете белешки ако имате дневник. Ако ви недостигаат позитивни емоции пред спиење помислете на некој убав спомен или милувајте го вашиот миленик.
Среќата мора да ја искусите во овој момент, утрешниот ден не ви е ветен. Кажете им на блиските дека ги сакате.
С. С. | Црнобело