8 работи што ги прави нашето тело додека спиеме

Сите знаеме дека на нашето тело му е потребен сон секоја вечер, најидеално околу седум до осум часа со цел да функционираме правилно и да можеме да го одржуваме здравјето во одлична состојба.

8-raboti-sto-gi-pravi-naseto-telo-dodeka-spieme-01.jpg

Но, најверојатно не забележуваме што се случува со нашето тело додека спиеме. Кои процеси се одвиваат додека сме во длабок сон?

Температурата на телото значително се спушта

Додека спиеме, температурата на нашето тело се спушта за да го намали согорувањето на калории и ослободувањето на мелатонин. Мелатонинот е хормон којшто игра клучна улога во нашиот биолошки часовник.

Се чистат токсините

Додека се одмора, телото ги филтрира токсините и ги прочистува оштетените мускули. Овие процеси му дозволуваат на телото и на мозокот да се обноват. Без доволно сон, мозокот не може да ги исфрли токсините. Ова може да доведе до зголемување на невролошкото стареење.

Слабееме

Во текот на ноќта слабееме преку исфрлање на влажниот воздух и губење на течности преку потењето. За разлика од овој процес, преку ден консумираме храна и пијалаци, па овој ефект се анулира. Ова исфрлање на течностите придонесува да имаме пониска тежина наутро.

Додека спиеме, телото, исто така, ги регулира и хормоните за глад. Затоа ќе бидете поспремни да ѝ се спротивставите на желбата за брза храна доколку сте добро наспани.

Сонуваме

Сите знаеме дека мозокот креира соништа во текот на ноќта, но можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку всушност сонувате. Секоја ноќ сонувате по речиси 2 часа.

Стануваме повисоки

Нашето тело се издолжува додека спиеме. Додека лежиме, дисковите на пршлените во ’рбетот се опуштаат и се рехидрираат, што придонесува тие да станат поголеми и малку да ја зголемат нашата висина наутро.

Ненамерно се грчиме

Без разлика дали спиеме сами или со партнер, кај многу луѓе заспивањето предизвикува феномен при којшто телото наеднаш ненамерно се грчи. Ова предизвикува ненадеен потрес, којшто во некои случаи е толку силен што дури може и да нè разбуди од сон.

Кожата ни се подновува

Колагенот е протеин којшто ја прави кожата помлада и поздрава, а тој се произведува во поголеми количини во нашето тело додека спиеме. Тој е стимулиран од хормоните за растење кои се ослободуваат додека дремеме. Повисокото ниво на колаген во телото придонесува за поотпорна, помлада и посвежа кожа.

Честопати се будиме

Во текот на ноќта честопати се будиме, скоро 15 пати на секој час. Ова вообичаено се случува кога се префрламе во друга фаза од сонот. Сепак, периодите на будност се толку кратки што најчесто не се сеќаваме на нив.

Сонот е многу битен за правилното функционирање на нашето тело, па затоа за да се осигурате дека ќе имаме цврст сон, треба да избегнуваме кофеин доцна навечер, да се осигураме дека спалната соба е затемнета и да го намалиме гледањето телевизија пред легнување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg