Работи кои секој би ги променил ако може да се врати во минатото
Не би пишувале непотребни работи на социјалните мрежи
Ретки се оние кои понекогаш не се срамат од сопствените објави на социјалните мрежи во младоста.
Можеби имало време кога сте пишувале сè што ќе ви дојде на памет, или сте го менувале љубовниот статус на секоја караница и секако, тука се и сликите од вас кои сега не сакате ни да ги гледате.
Доколку имате премногу такви работи на вашиот профил, можеби е најдобро да го избришете целосно и да направите нов, посериозен.
Плус, на новиот ќе ги имате само пријателите кои навистина ви требаат и ќе ги избегнете непосакуваните „пријателства“.
Би биле повнимателни во изборот на облека
Сигурно ви се случило да погледнете некоја стара слика и да се запрашате како сте можеле да се облечете во нешто толку незамисливо.
Колоритни комбинации, немодерна облека, или пак, можеби прекратка и преразголена, на што сега не ни помислувате.
Не се враќајте наназад, модата се менува и тука нема ништо страшно. Но, научете да го менувате стилот периодично и не се задржувајте на една слика со децении.
Би почнале да водите здрав живот
Веројатно сте имале период од животот кога сте можеле да јадете брза храна, грицки и да пиете газирани пијалаци колку што сакате, а килограмите останувале исти.
Но, со текот на годините, тоа се менува и почнува секое залче да се „лепи“ за вас.
Плус, подоцна се појавуваат и здравствените проблеми, па сигурно се каете што порано не сте почнале да живеете здраво.
Но, никогаш не е доцна и доколку го сфатите тоа, почнете веднаш да се храните здраво и вкусно истовремено, и никогаш не го запоставувајте телото. Физичката активност е многу важна.
Не би купувале непотребни работи
Ова веројатно и не е некое далечно минато, бидејќи во текот на целиот живот сме наклонети кон купување на непотребни работи. Секоја чест за исклучоците.
Сепак, важно е да научите да ги бирате приоритетите и да ги почитувате заработените пари со цел да не правите такви грешки.
Најдобро е да водите сметка за вашите трошоци преку апликација или на стариот добар начин – список.
Би живееле како што сакате, а не како што треба
Дури откако ќе помине подолг период од животот, ќе сфатите дека сте живееле на начин на кој всушност не сакате.
Не дозволувајте да се случи тоа и дури и ако веќе сте го сфатиле, потрудете се понатаму да не биде така.
Не заборавајте на блиските луѓе, јавувајте им се редовно на роднините, посетувајте ги, пружајте си задоволства, развивајте се како личност и надоградувајте се.
М. М. | Црнобело