Изглед, семејство, минато: 9 работи од кои не треба да се срамите во животот
Во денешно време, луѓето се станати премногу зависни од мислењето на другите.
Токму поради тоа, многумина се срамат од својот изглед, од својот статус, од роднините и од многу други работи кои пред сè треба сами да ги вреднуваат.
Сепак, тоа не е правилно бидејќи тие работи нè прават уникатни и треба да научиме да се сакаме какви што сме заедно со сите наши карактеристики „во пакет“.
Има некои работи кои најчесто луѓето ги критикуваат кај себе, но не треба да се извинуваат и срамат за нив:
Работата
Многу луѓе уште го споредуваат статусот во општеството со личната среќа. Но всушност, според некои научници и професори, само 10% од нивото на среќата зависи од работната позиција и финансиите.
Ако работата ви носи приход, задоволство и не го нарушува вашиот морал, може да се сметате за успешна личност. Никој нема право да суди за вашата работа.
Изгледот
Истражувањата покажуваат дека многу мал процент луѓе се задоволни целосно со нивниот изглед.
Повеќето сакаат да променат нешто кај нив, независно дали е ситница или нешто посериозно.
Дел од најчестите работи кои сакаат да ги променат луѓето се малите гради, прекумерна тежина, голем нос, израстоци, големи уши и сл.
Но, сите овие работи се само дел од вас и треба да научите да се носите со нив, исто како и многу славни личности.
Партнерот
Можеби вашиот партнер не изгледа како некои холивудски актер/ки, но тоа не значи дека треба да се срамите од него.
Доколку вие сте го одбрале затоа што на вас ви одговара во секое можно поле, не треба да ве интересира мислењето на другите за неговиот изглед.
Не е важно дали е постар, помлад, понизок или повисок – изборот и среќата се ваши.
Пријателите
Секој има различни критериуми за тоа какви пријатели сака во животот и нема потреба да се срамите од нив ако тие не се совршени.
Премногу гласни, премногу пцовки, премногу чудни, јадат со раце, имаат необичен стил – независно какви се, ваши се!
Не вреди да се мачите со непотребни мисли ако вам ви е пријатно во нивно друштво.
Роднини
Исто како за пријателите и партнерот, така и за семејството. Тоа е најважно од сè и никогаш не треба да дозволите да покажете дека се срамите од членовите.
Може да бидат чудаци, различни од сите, да имаат непријатни навики или однесување и силно влијание врз вашиот живот, но тие ве сакаат најмногу, а треба и вие да го покажете тоа, пред сите!
И заполменете, ако некој од нив направил нешто лошо, не си ја рушите вашата репутација со тоа, не сте вие виновни за ништо.
Брачен статус
Не сите жени и мажи се стремат кон венчање што е можно побрзо. Секој има свои замисли и цели и никој не треба да се меша во тоа.
Не треба да се срамите доколку сте повозрасни и уште немате животен партнер, или пак ако сте помлади, а веќе сте се венчале со вашата сакана личност.
Истото важи и за децата. Секој има право на живот и избори и не треба да се срамите од нив.
Хоби
Уште една работа за која не треба да се извинувате никому, тоа е хобито и вашите желби во слободното време.
Никој нема право да ви забрани или да ви суди за тоа што сакате да го правите, без разлика дали е тоа е колекционирање на нешто што ви е пасија или некоја чудна навика.
Важно е да го сакате тоа што го правите и да уживате без да ве интересира туѓото мислење.
Одбивање да се следат трендови
Иако сме опколени секојдневно со трендови од најразлични полиња, нема ништо лошо во тоа да бидете уникатни и да не сакате да ги следите.
Напротив, ќе бидете почитувани за тоа, па затоа не се оптоварувајте ако некој ве погледне чудно. Создадете ваши правила!
Минатото
Сите имаме некакви приказни од минатото, некои на кои и не сме баш најгорди.
Но, не треба да се срамиме од нив, бидејќи тие се дел од нас. Ако се лоши, одлично е да научиме нешто добро од нив.
М. М. | Црнобело