Исповед на стјуардеса: Најиритантните работи кои ги прават патниците за време на лет

Навистина е неподносливо кога патниците во авионот лежат додека се служи оброкот, ги соблекуваат чевлите, кажуваат шеги дека авионот ќе падне и оставаат неред во тоалетот.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-01.jpg

Колку и да изгледа гламурозен „животот на небо“ како стјуардеса, во реалноста тоа не е така.

За време на работниот ден стјуардесите се судираат со низа непријатни ситуации и тоа сервирани од нивните клиенти.

„Огромен е бројот на патници во авионите кои немаат основна култура“, открива Сузан Браун, стјуардеса која има работено во дел од најпознатите светски авио компании.

Таа открива дел од најиритантните навики на патниците:

Непријатен здив

На долг лет често се случува по повеќечасовно спиење во текот на ноќта некој патници да имаат непријатен здив.

Наутро ние служиме појадок и навистина би било убаво тие да земат гуми за џвакање или нешто за освежување на здивот кога ни се обраќаат.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-02.jpg

Гасови

Сите сме човечки суштества и за време на долг лет сме надуени и имаме гасови, но тоа не значи дека треба да испуштате гасови како да нема никој околу вас.

Појдете во тоалетот, навистина никој не заслужува ваква казна.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-07.jpg

Лежење кога се служи оброкот

Патниците треба да знаат дека треба да го исправат седиштето кога им се служи оброк.

Навистина немаме енергија секој пат да ги опоменуваме или пак да им ја служиме храната на стомакот додека тие се во лежечка позиција, вели Сузан.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-03.jpg

Соблекување на чевлите

Дали знаете колку се нечисти подовите во авионот? Навистина не треба да ги соблекувате чевлите и да шетате боси.

Плус, ако сите ги соблечат чевлите замислете како ќе мириса.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-10.jpg

Неред во тоалетот

Одењето во тоалет и оставањето неред зад себе е навистина одвратно.

Што ќе види наредниот патник што ќе влезе внатре?

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-04.jpg

Гласно бакнување

Сексот во тоалетот не треба да се споменува дека е ужасна идеја, но и гласното бакнување во авионот во кој има уште 100, 200 или 300 луѓе со вас, исто така, е некултурно.

Ваквото однесување ги вознемирува другите патници.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-11.jpg

Вознемирувачки шеги

Не е пријатно кога некој од патниците ќе започне да се шегува дека внел бомба во авионот или дека авионот ќе падне и слично.

Некои луѓе се навистина исплашени за време на летовите, па нема потреба искуството дополнително да им го претворате во кошмар.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-08.jpg

Прекинување за време на оброкот

Кога конечно екипажот ќе има време неколку мигови за себе, да јаде и да се релаксира, ужасно е кога ќе се појави некој патник со 100 прашања.

Оброкот ни се лади, почекајте да завршиме, па прашајте нè малку подоцна.

ispoved-na-stjuardesa-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-patnicite-za-vreme-na-let-09.jpeg

Кои се тајните на стјуардесите во прва класа?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg