Чудни и едноставни навики кои ќе ви помогнат да живеете дупло подолго
Ако сакате повеќе да се грижите за вашето здравје, но да не го менувате целосно начинот на живот, научниците нашле решение за вас.
Постојат некои работи, односно навики со кои на пријатен начин ќе допринесете за вашето здравје.
Доколку редовно ги практикувате ќе си го продолжите животот и ќе живеете двапати подолго.
Погледнете некои од нив и почнете да ги применувате:
Пијте по 1 чаша вино секој ден
Пиењето алкохол не е одлично за вашето здравје, но експерти од Харвард, откриле дека една чаша вино на ден, посебно црвено, може да го спречи ризикот од срцеви заболувања и други здравствени проблеми.
Но, држете се до оваа доза и не претерувајте.
Најдобар период за спиење е од 22:00-06.00 часот
Кинеските доктори ова време го сметаат за период кога најдобро може да се одморите.
Тие развиле цел систем со кој објаснуваат во кое време кој орган се „обновува“.
- Од 21-23, имунолошкиот систем се бори против вируси и ги отстранува токсините.
- Од 23-01, бубрегот активно се регенерира, а од 03-05, белите дробови се чистат, па може некогаш и да се закашламе во ова време.
- Процесот во цревата и чистењето започнува блиску до утрото, од 05-07 часот.
Игнорирајте го јавното мислење
Американските научници сметаат дека ќе живеете подолго ако не обрнувате внимание на туѓото мислење.
Кога мислиме на реакциите на другите сме порезервирани, помалку спонтани и понервозни.
Ова води до несреќен живот, а тоа резултира со пократок животен век.
Сончајте се
Причината за сончање (умерено) е затоа што сонцето е извор на витамин Д кој го намалува ризикот од дијабетес и помага во борба против депресија.
Во истражување од 2016, биохемичари откриле дека жените кои се сончаат околу 1 час дневно, се 67% помалку склони кон развивање на било каков тип на рак.
Секако во умерени количини и кога сонцето не е штетно.