Чудни и едноставни навики кои ќе ви помогнат да живеете дупло подолго

Јадете домати

Американските научници од Бостон спровеле истражување кое траело 11 години.

Тие ја споредувале здравствената состојба на 5.000 учесници и донеле заклучок дека со вклучување на домати во исхраната, може да се намали ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања за 26%.

chudni-i-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-zhiveete-duplo-podolgo-07.jpg

Ослободете се од алармот

Посебно, ако е многу гласен. Истото важи и за алармите и тајмерите на други апарати кои ви го попречуваат мирот.

Според јапонски истражувања, ненадејниот гласен звук го зголемува ризикот за срцев удар, посебно кај луѓе со висок крвен притисок.

Ваквите остри звуци негативно влијаат и на нервниот систем.

chudni-i-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-zhiveete-duplo-podolgo-08.jpg

Јадете почесто запечен леб

Според германските биохемичари, за време на печењето на лебот, се формираат антиоксиданси кои го спречуваат развојот на рак и го прочистуваат телото.

Печениот леб содржи 8 пати повеќе антиоксиданси од свежиот, па според истражувачите подобро е почесто да јадете запечен леб.

chudni-i-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-zhiveete-duplo-podolgo-09.jpg

Не допирајте цигари

Сите знаат дека е штетно да се пушат, но професионални од Центар за контрола на болести велат дека е опасно и да ги допирате.

Причината за тоа е бидејќи за време на растењето, тутунот апсорбира радиоактивни елементи како радиум, полониум и олово, од ѓубрива кои се користат во агрокултурата.

По собирањето и сушењето на листовите, овие елементи остануваат во тутунот и влегуваат во телото преку обично допирање на цигарите.

chudni-i-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-zhiveete-duplo-podolgo-10.jpg

Танцувајте

Според француски научници, најдобар начин за да си го продолжите животот е да танцувате почесто.

По нивните откритија, најдобар танц за долговечност е салса, бидејќи ги зајакнува коските, белите дробови, циркулаторниот систем и помага да се изборите со астма.

Но и сите други активности кои ве расположуваат и размрдуваат се исто така соодветни.

chudni-i-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-zhiveete-duplo-podolgo-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg