Зошто кралските дами носат шешири и шапки?
За жените од кралското семејство, ниту еден формален изглед не е комплетен без шешир или шапка на главата. Што се крие зад ваквата „мода“ на сината крв?
Според кралскиот протокол, жените мора да носат шапка на сите официјални пригоди.
Станува збор за старо правило коешто датира од периодот пред 1950-тите години, кога жените ретко ја покажувале својата коса во јавноста.
Оттогаш, времињата се променија во голема мера.
Денес убаво негуваната и раскошна коса на војвотката Кејт Мидлтон ги полни страниците на странските медиуми.
Сепак, ниту таа, а ни сите останати кралски дами, никогаш нема да се појават без шешир на повеќето важни државни настани.
На кралското семејство лежи одговорноста да ги чува и одржува традициите, па иако старинските вредности бледнеат во општеството, тие и понатаму ги почитуваат и се придржуваат до нив.
Истовремено, токму екстравагантните шешири ги издвојуваат од другите луѓе, тврди Викторија Арбитер, експертката од кралските кругови.
„Мора да постои одредена разлика помеѓу кралското семејство и обичниот народ. Не на арогантен начин, но која била поентата ако тие се исти како и сите нас?“
Во тој контекст, носењето шапки во фенси прилики веќе не е ексклузива само за членовите на кралското семејство.
Според Хилари Александер, модната уредничка на Daily Telegraph, шеширите станаа дел од „социјалното милје“ на елитата во британското општество.
„Кога е во прашање специјална пригода во британското општество, таа не може да замисли без шешир.“
А, што се однесува до кралските дами, денешната парада на шешири е посебно интересна, бидејќи никогаш не се знае со каков нов и неочекуван модел тие ќе изненадат на следното појавување.
М. А. | Црнобело