15 факти што докажуваат дека Јапонија е една од најуникатните држави во светот

Интересни навики, чудни фестивали, многу самоубиства, посвојување на возрасни лица, по што се разликува Јапонија од остатокот од светот?

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-01.jpg

Јапонија е една од технолошки најнапредните држави во светот, но начинот на живот таму во голема мера се разликува од останатите држави во светот.

Јапонците се поинакви по многу работи, а еве дел од нив:

1. Hakada Matsuri или „голиот фестивал“ е настан кој се одржува на неколку локации во Јапонија и илјадници момчиња и мажи се соблекуваат со надеж дека така ќе стекнат среќа за следната година.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-02.jpg

2. Дремнувањето на работа се вика „inemuri“ и е знак за добар и посветен работник, па некои дури и го глумат.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-03.jpg

3. Во Јапонија секоја година има 1.500 земјотреси. Малите потреси се секојдневие затоа што оваа нација е сместена врз четири тектонски плочи.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-04.jpg

4. Јапонија е дом на една од најстарите компании во светот, која непрекинато функционира. Станува збор за градежната компанија Kongō Gumi Co., Ltd, која функционира повеќе од 1.400 години. Веќе 40 генерации од истото семејство ја раководат.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-06.jpg

5. Во Јапонија има најголем број  на машини за продажба на храна и тоа околу 5 милиони, односно по една на секои 23 жители. Од свежа морска храна до леб, од нив можете да купите сè.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-07.jpg

6. Како дел од нивниот училиште ден децата го чистат училиштето. Оваа традиција се вика „o-soji“ и се практикува за да се научат децата да ја почитуваат својата околина.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-08.jpg

7. Во Јапонија се наоѓа најкраткиот ескалатор на светот и има само пет скалила.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-09.jpg

8. Се посвојуваат повеќе возрасни лица отколку деца. Многу луѓе во Јапонија посвојуваат мажи на возраст од 20 до 30 години за да си осигураат наследник на кој ќе му го предадат бизнисот. Посвојувањето на возрасни лица се користи и како алтернатива за истополови бракови, кои формално не се признаени во Јапонија.

15-fakti-shto-dokazuvaat-deka-japonija-e-edna-od-najunikatnite-zemji-na-svetot-10.jpg

Уште 7 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg