Изнајмување на семејство за 590 евра од час: 7 факти што го покажуваат новото лице на Јапонија
Изнајмување на семејство, изнајмување на миленик, плаќање за прегратка и силиконски кукли за девојки се дел од нивните нови навики на живеење во Јапонија.
Можете да потрошите часови зборување за Јапонија, за спокојната земја на јапонските цреши со прекрасен розов цвет, за роботите и за посветените работници, што се активни од утро до мрак.
Јапонија е трета меѓу водечките светски економии и е позната по брзиот технолошки развој. Но, таа, исто така, е светски лидер по бројот на самоубиства годишно.
Една од главните причини за ова се смета дека е осаменоста на луѓето, како и преголемата посветеност и стрес од константното работење.
Како Јапонците се справуваат со овие проблеми? Кои се новите трендови таму?
Силиконска кукла наместо реална девојка
Мажите, кои не успеале да пронајдат партнерка или се разочарани од љубовта, користат силиконска кукла како замена.
Нивната одлука ја објаснуваат со изјави од типот: „Оваа девојка нема да бара пари и подароци и нема да биде љубоморна и скандалозна.“
Изнајмување на миленичиња
Изнајмувањето на миленичиња е еден од најпопуларните сервиси во Јапонија.
Причината за ова е што нивните станови се многу мали и тие немаат услови за чување на миленик. Плус, преоптоварениот работен распоред им остава малку време за грижа на милениците.
Прегратки и разговори за пари
Постои само еден вистински луксуз во човечките врски, тврдат некои експерти, а Јапонците плаќаат многу пари за тоа. Тоа се прегратките и комуникацијата. За вакви исценирани љубовни состаноци Јапонците плаќаат големи суми.
Постарите мажи, исто така, нудат пари и луксуз за да привлечат млади Јапонки за друштво . Ситуација што ја има и кај нас, мора да признаеме.
Виртуелни девојки
Развиената технологија во Јапонија направи да биде возможно луѓето да имаат врски со ликови од виртуелниот свет.
Мажите ги „носат“ виртуелните девојки на состаноци, им купуваат подароци, па дури можат и ги земат за жени со сведоци и свадбена торта.
Клубови со машки придружници
Постојат специјални места во Јапонија каде жените одат за да минат време со атрактивни машки придружници. Привлечните мжи ги забавуваат жените со пијалаци, разговори и комплименти.
Сингл жените ги посетуваат овие клубови за да се чувствуваат посакувано. Жените во брак пак одат за да го тргнат умот од секојдневните обврски и проблеми.
Изнајмување на семејство
Сингл Јапонците сакаат да изнајмат жена и деца и тоа не само за да ги поздрават по напорниот работен ден. Многумина ги изнајмуваат семејствата за да одат на викенд со нив или во парк со децата, а на шопинг со жената.
Инаку овој сервис чини 590 евра од час, а побарувачката е огромна.
Љубовни хотели
Јапонија е многу мала земја, па затоа становите се многу мали, а киријата многу висока. Па, што прават младите парови кога сакаат малку приватност? Вообичаено одат во т.н. љубовни хотели и изнајмуваат соба таму.
Тоа е хотел за краток престој, кој им дава можност на паровите за интимни контакти. Таму сите фантазии стануваат реалност.
С. С. | Црнобело