Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најскапата храна на светот

najskapata-hrana-na-svetot-povekjeДека секоја роба има свој купувач е точно. Така и најскапите намирници на светот не си наоѓаат свој богат гурман.

 

Која храна всушност е најскапа на светот?

najskapata-hrana-na-svetot-1

1. Најскапа пица на светот е “Louis XIII која ја нуди млад италијански кувар Renato Viola. Чини 8.300 евра! Состојки се моцарела, месо од бафало, три вида кавијар, црвени краби и јастог.

najskapata-hrana-na-svetot-2

2. Компирот од сортата “La Bonnotteсе смета дека лично го создал врховниот бог на Инките. Толку е нежен по својата структура што мора да се собира исклучиво рачно. Килограм од овој компир чини околу 500 евра. 

najskapata-hrana-na-svetot-3

3. Најскапиот омлет на светот можете да го вкусите во ресторанот на њујоршкиот хотел “Le Parker Meridien”. Чини $1.000 долари. Освен јајца содржи иситнет јастог и кавијар.

najskapata-hrana-na-svetot-4

4. Најскапиот десерт на светот се служи во њујоршкиот ресторан “Serendipity 3″. Украсен е со позлатени лушпи и го служат во чаша украсена со злато и дијаманти. Овој луксуз чини $25.000 долари, а празната чаша може да си ја земете за спомен.

najskapata-hrana-na-svetot-5

5. Најскапото чоколадо на светот е “Chocopologie by Knipschildt” и се произведува во САД. За парче од 453 грама плаќате $2.600 долари.

najskapata-hrana-na-svetot-6

6. Најскапиот кавијар на светот не е црниот. Се вика “Almas” од Иран и претставува икри од албино-белуга. 100 грама икри спакувани во тегла од чисто злато чини $2.000 долари.

najskapata-hrana-na-svetot-7

7. Најскапа печурка на светот е белиот тартуф. Овој специјалитет нема утврдена цена затоа што секое парче се продава на аукција. Во 2007 година тројца хонгконгшки магнати заедно платиле за 750 грама – $209.000 долари!

najskapata-hrana-na-svetot-8

8. Најскап зачин на светот е шафран. Еден килограм чини $6.000 долари.

najskapata-hrana-na-svetot-9

9. Најскапо месо на светот е прочуеното јапонско мраморно говедско. Филе од 200 грама чини повеќе од $100 долари, а поубавите парчиња и за $1.000.

najskapata-hrana-na-svetot-10

10. Најскап орев на светот е макадамија. Годишно се произведуваат 40 тони. Килограм макадамија чини околу $40 долари.

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Како ќе изгледаа ѕвездите на Bridgerton ако беа ликови од цртаните на Дизни? Bridgerton е серија лкоја ја обожаваат сите генерации. Сите актери се внимателно...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...
11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Места нa кои не треба да зборувате на телефон (и зошто) Среде хаосот што владее во градските автобуси, никој не сака да го слуша и вашио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg