Бонтон правила кои дамите никогаш не ги прекршуваат

Јадење по пат и без прибор

Некои јадења како пица, многумина знаат да ги јадат без прибор или по пат додека одат некаде, но не и вистинските дами. Според бонтонот, дамите јадат на маса и секогаш со прибор.

Доколку не сте во можност да јадете дома, секогаш е подобро да седнете некаде и да нарачате нешто, отколку да земете храна за носење и јадење во движење.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-08.jpg

Преголема искреност

Жената која си ја отвора душата на секој на кого ќе налета, со сигурност не може да се нарече вистинска дама. Дамите не зборуваат со секого за својот приватен живот и проблемите во него.

Бели чевли

Белите чевли, дамите ги носат само со летен бел фустан, а во сите останати случаи ги избегнуваат и се одлучуваат за чевли во друга светла боја или секако, црна, со која никогаш не може да се пгореши.

Доцнење

Дамите секогаш се придржуваат до добро познатото правило и никогаш не доцнат на состаноци, без разлика дали се деловни или лични, а доколку задоцнат, тоа е максимум 10 минути во краен случај.

Исто така, дамите не чекаат никого подолго од тоа време, туку си го ценат времето и си заминуваат.

Оставање отворен чадор да се исуши

Никогаш не го оставајте чадорот отвороен, дури и ако е мокар. Оставете го некаде да виси или во посебен сад кој е наменет за тоа.

Посакување здравје кога некој ќе кивне

Многу луѓе се научени кога некој ќе кивне да му кажат „на здравје“, но ова дамите може да го направат исклучиво со членови на семејството и блиски пријатели. Во друштво, кога некој ќе кивне, тоа треба да се игнорира исто како ништо да не се случило.

Аутфит без хулахопки

Според бизнис бонтонот, жената не треба да оди на работа или на деловен настан без хулахопки, дури и кога не е ладно.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-06.jpg

Одбивање на храна и пијалак

Вистинската дама никогаш не ги одбива домаќините кога ќе ја понудат со храна или пијалак. Наместо да се објаснувате зошто не пиете, прифатете чаша вино и напијте се барем малку. Доколку пробате од храната пофалете ја, иако е прифатливо да не јадете ништо, но не и да не се напиете.

Танцување со пуштена коса

Косата секогаш треба да ви биде уредно прибрана, посебно додека танцувате за да не се разлетува и лепи по телото. Исто така, не треба да танцувате со високи штикли за да не се повредите и да изгледате смешно.

Дување храна

Дамите никогаш не ја дуваат топлата храна со цел да ја изладат. Подобро е мирно и трпеливо да почекате да се излади малку и потоа да почнете со јадење полека и внимателно.  

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-07.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg