Одговори на 9 чудни „Што ќе се случи ако...“ прашања
Што ќе се случи ако во резервоарот на автомобилот ставите вода, ако голтнете гума за џвакање или ако зовриете вотка?
Секоја личност понекогаш си поставува бизарни прашања, за кои се срами да побара информации од другите луѓе.
Но, сега кога на интернет има сè, одговорите ни се лесно достапни.
Еве сериозни одговори на дел од чудните прашања што често се гуглаат :
Што ќе се случи ако врела вода истурите во воздух на многу ниска температура?
Ако на голем студ со температура од -20 °C, па и пониска, во воздух истурите шолја врела вода, таа ќе се претвори во снег во текот на летот.
Во вакви случаи се случува ефектот „Mpemba“, според кој топлата вода замрзнува побрзо од студената. Има многу истражувања за оваа појава, но сè уште не е пронајдено логично објаснување.
Што ќе се случи ако вклучената правосмукалка ја приближите до окото?
Ова звучи како хорор сценарио, зарем не? Но, природата нè обезбедила и за вакви ситуации, па очното јаболко е фиксирано за главата. На ова додадете дека очните капаци рефлексно реагираат при најмала опасност и имаат инстинкт на самоодржување.
Но, не се обидувајте да го направите ова дома, затоа што сепак постои можност да се повредите. Може да ви испукаат некои крвни садови и прашината од правосмукалката да ви предизвика воспаление на окото.
Што ќе се случи ако голтнете гума за џвакање?
Не, не е точно дека ако проголтате гума за џвакање таа ќе биде во вашиот организам 7 години, како што кружат гласини.
Мислењата на докторите се дека вашиот гастроинтестинален тракт може да се справи и да ја свари гумата за џвакање. Во дигестивниот систем има низа киселини и ензими со чија помош може да се ослободите од несаканите предмети, освен ако тие не се остри и преголеми.
Што ќе се случи ако го наполните резервоарот со вода?
Дефинитивно ништо добро. Водата има поголема густина од бензинот, па нема да дојде до мешање, туку таа ќе остане на дното. Иднината на вашето патување ќе зависи од количината на вода.
Ако е малку вода, тогаш не е страшно, автомобилот ќе се движи и водата најверојатно ќе испари поради моторот што работи. Но, ако има многу и таа дојде до моторот, тогаш дефинитивно ќе го посетите механичарот.
Што ќе се случи ако ги крцкате прстите?
Ги крцкавте прстите како мали и ве плашеа дека ќе добиете артритис? Ниту едно истражување го нема потврдено овој мит.
Секој го знае звукот – тоа не е буквално крцкање, туку звук на пукнато воздушно меурче во течноста за зглобовите. По околу 20 минути, меурчињата се создаваат пак и уште еднаш можете да ги крцкате.
Што ќе се случи ако додадете млеко во Кока Кола?
Кога се мешаат овие две течности, влегуваат во силна хемиска реакција: фосфорната киселина од сокот се поврзува со млечните протеини, што резултира со трикалциум фосфат и водород, а резултатот изгледа вака:
Што ќе се случи ако зовриете вотка?
За жал, ова ќе биде губење на производот. Додека водата врие на 100 °C, алкохолот почнува да врие веќе на 78,3 °C. Затоа со голема веројатност сварената вотка ќе стане безвкусна како вода.
Што ќе се случи ако не го исклучите телефонот за време на лет?
Во 2014 година, Европската агенција за воздухопловна безбедност изјави дека електронските уреди не се опасни. Некои компании дури и дозволуваат повици за време на летот.
Но, многу е важно да ги исклучите сите уреди за време на полетувањето и слетувањето, бидејќи може да предизвикаат штета во итни ситуации.
Што ќе се случи ако не трепкате долго време?
Нашите очи бараат постојано навлажнување и поради тоа трепкаме постојано. Тоа е безусловен рефлекс.
Затоа, колку и да се трудите да ги држите очите постојано отворени, порано или подоцна сепак ќе трепнете. И ако не трепнете, тогаш сувоста во очите нема да ви дава мир и сосема ќе ве полуди.
С. С. | Црнобело