13 активности кои може да ги правите за време на дождливиот викенд
Најлесно е да останете дома кога врне и да спиете. Но, потоа што ќе раскажувате?
Не си ги трошете врнежливите денови во спиење, бидејќи во следен период очигледно ќе ги имаме во изобилие.
Кога надвор е тмурно и сиво, ви треба само добар план кој ќе ви го одвлече вниманието од сивилото.
Пример, може да украдете некоја од следниве 13 идеи и паметно да ги искористите врнежливите слободни денови:
1. Искористете го денот за посета на најблискиот СПА центар. Влезете во сауна, во топол базен, во жешко џакузи...
2. Одете на куглање или билијард со голема група на пријатели.
-->
-->
3. Организирајте дневна собиранка за „дегустација“ на чаеви и чајни колачиња.
-->
4. Гответе во пар или во поголема група на пријатели. Бирајте топли и ароматични специјалитети.
5. Извадете ги најмеките ќебиња кои ги имате, постелете ги на земја и подгответе се за маратонско гледање серии и филмови.
6. Доколку сте слободни, опуштени и му верувате на партнерот, правете интимна фотосесија во рамките на домот.
7. Разлистајте ги фотографиите од мобилниот и направете посебен фолдер со неколку кои сакате да ги развиете и урамите.
8. Испробајте било каков „направи сам“ проект.
9. Обидете се да направите катче за седење покрај прозорецот или на самиот прозорец, зависи што ви дозволуваат можностите.
10. Организирајте караоке забава на која секој ќе треба да донесе нешто домашно зготвено, а вие ќе направите греено вино.
-->
11. Земете ја книгата која моментално ја читате и одете сами во кафуле. Почестете се со торта, кафе, чај...
12. Истражувајте онлајн на тема која отсекогаш ви била фасцинантна.
13. Направете домашен пикник - внатре во топлината на домот или креветот.
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор
Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо
Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот
„Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...

Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските?
Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...

9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји
„Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...

Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат
Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...