Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најмладите милијардерки се од Норвешка: На што ги трошат парите сестрите Андерсен?

Александра (21) и Катарина (22) ги заземаат првите две места на листата на најбогати милијардери под 27 години.

najmladite milijarderki na svetot se od norveshka na shto gi troshat parite sestrite andersen foto 01

За поголемиот број на луѓе, животот во дваесеттите години е постојано балансирање помеѓу финансирањето на факултетот и обидите да бидат независни, но истовремено и да се забавуваат.

Но, ова не е случај со светската млада супер богата елита. На самиот врв од оваа група привилегирани се сестрите Александра и Катарина Андерсен, кои сѐ уште живеат во домот на своите родители.

Нивниот татко Јохан Андерсен е норвешки бизнисмен, кој работи во доменот на инвестициското банкарство, и на име на своите ќерки во 2005 година го препиша поголемиот дел од богатството.

Александра (21) има богатство од 1,3 милијарди долари. Таа е вљубеник во јавањето на коњи и е сопственик на најмалку четири коњи. Постојано се грижи тие да добиваат најдобра можна нега, а е дел и од тимот за дресирање во Норвешка.

Како и многу свои врсници обожава да се забавува со чаша мартини во некое од кафулињата во својата татковина.  Александра обожава и планинарење, риболов и други активности на отворено.

За себе вели дека е џетсетерка и едно од нејзините највпечатливи патувања годинава беше тоа во Мумбаи, Индија.

Катарина (22) заедно со сестра си Александра има пет кучиња од кои булдогот е купен за 1.320 долари.

Катарина обожава да ги следи модните трендови, а омилена ѝ е чантата од Луј Витон со цена од 1.870 долари. Таа за себе вели дека е зависна од чевли и има завидна колекција од најпознатите светски дизајнери.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg