Кралица на восочните фигури: Која била Мадам Тисо и зошто музејот е крстен по неа?

Кога во музејот „Мадам Тисо“ ќе се појави восочна фигура на некој актер, пејач или политичар, тоа обично значи дека тие личности успеале во животот.

kralica-na-vosochnite-figuri-koja-bila-madam-tiso-i-zoshto-muzejot-e-krsten-po-nea-01.jpg

Познатиот музеј од Лондон посветен на популарната култура веќе го има на повеќе локации низ светот и претставува една од најголемите светски атракции.

Но, која била всушност Мадам Тисо, дамата по која овој музеј го добил името?

Мари Тисо била Французинка родена во 1761 година. Нејзината мајка работела како слугинка кај докторот Филип Куртиус кој изработувал восочни фигури за да ја илустрира анатомијата.

Семејството Тисо живеело во неговата куќа, а Мари уште од мала била маѓепсана од работата на докторот. Тој ја подучувал во занаетот и Мари веќе на 16 години ја изработила првата восочна фигура за која ѝ позирал Франсоа Волтер.

kralica-na-vosochnite-figuri-koja-bila-madam-tiso-i-zoshto-muzejot-e-krsten-po-nea-02.jpg

Во текот на нејзиниот живот, Мари изработила илјадници восочни фигури на познати личности, меѓу кои и Жан Жак Русо и Бенџамин Френклин.

Марија Антоанета и Луј XVI биле воодушевени од нејзината работа, а и самата Мари исклучително го почитувала кралското семејство. Поради тоа, за малку ќе завршела на клада, но била спасена во последен момент.

Во 1802, се преселила во Лондон за да ги претстави своите восочни портрети, заедно со магионичарот Пол Филидор. Својот мемоар го напишала во 1838-та, а починала во 1850-тата, на 88 години. Нејзината работа ја наследил синот Франсоа, него го наследил неговиот син, а него неговиот син Џон Теодор Тисо.

kralica-na-vosochnite-figuri-koja-bila-madam-tiso-i-zoshto-muzejot-e-krsten-po-nea-06.jpg

Неколку интересни информации за музејот „Мадам Тисо“:

Сите фигури се за 2% поголеми од вистинската големина на луѓето, поради насобирањето на восокот.

Една од ретките познати личности кои одбиле да позираат за овој музеј била Мајка Тереза.

Косата на фигурите редовно се мие, а шминката се поправа.

kralica-na-vosochnite-figuri-koja-bila-madam-tiso-i-zoshto-muzejot-e-krsten-po-nea-03.jpg

Во моментов постои 21 музеј „Мадам Тисо“ во светот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg